Божествена Литургија во храмот на св. Петка, Скопје (22.01.2016)

Поголема благодарност им должиме на оние што беа неблагодарни, отколку на оние што ни беа постојано благодарни, оддолжувајќи ни се во овој суетен живот. Исто така, најдобра молитва е кога некој неправедно нè проколнува, а ние го примаме тоа молчеливо и со добрина. Природно е дека оние што се..








![article-1329943-0C16412D000005DC-361_964x634[1]](http://365.com.mk/wp-content/uploads/2016/01/article-1329943-0C16412D000005DC-361_964x6341.jpg)












Тоа што сум јас монах, а ти не си, не значи ништо. Бог подеднакво го слуша и монахот и човекот од светот, под услов и двајцата да се вистински верници. Бог бара срце полно со вистинска вера, во кое ќе испрати од Својот Дух, зошто во човечкото срце е Царството Божје.
Црквата е место каде што просторот е исполнет, место на изобилие од слобода и љубов, на вистински спокој, на длабоко вдишување. Таа е простор каде што душата дише длабоко, каде што срцето нормално ти отчукува, каде што не трепериш, ниту, пак, стравуваш, каде што твоето сопствено јас е вистинско, автентично, чесно и искрено.
Внимавај на себе, свештенику, и на оние кои ќе ги учиш, и гледај на службата која си примил да ја исполнуваш; бидејќи не ти е доверена земска служба, туку небесна; не човечка, туку ангелска.

























