Свето Благовештение
Кога Пресветата Дева наврши единаесет години пребивање и служење во ерусалимскиот храм и четиринаест од раѓањето - значи кога стапи во петнаесеттата година од животот - свештениците ѝ соопштија дека според Законот повеќе не може да остане при храмот, туку треба да пристапи кон веридба и брак. Одговорот на Пресветата Дева беше големо






Сакам да ве потсетам на уште нешто: човекот е создаден бог со самото тоа што на Бог може да му каже „не“. Но, едно е на Бог да Му кажеш „не“ од позиција на паднатост и гревовност, а друго е на Бог да Му кажеш „не“ од позиција на син Божји по благодат. Преку првото човек постепено се демонизира, а преку второто покажува дека се реализирал, ја достигнал својата полнота.
Помогни ни, Господи, со светиот Јован Лествичник, како вдахновение, и ние постепено во дејание да го поминуваме ова свето време на воздржание и пост, за повторно да Те најдеме и во љубов и смирение да имаме удел во заедницата со сите ближни, великиот дар на Твојата љубов, чекајќи го денот на Твоето велико и свето Воскресение. Амин.
Подобро е да доаѓаме во црква и со многу гревови, отколку да останеме надвор од неа „со малку гревови“. Кога доаѓаме во Црква на Литургија, таму се присутни и членовите на небесната Црква, ангелите, светителите, мачениците, Претечата, Пресвета Богородица и Самиот Бог. Тука е благодатта која ни ја дава Бог за да го почувствуваме Негово присуство и грижа за нас,
Во својата исклучителна книга »Небесна лествица« ги опишува монашките добродетели и пороци, монашкиот живот и природата на потполното бестрастие, кое се смета за идеал за совршен живот на секој Христијанин. Тоа е спис составен од 30 поуки, колку што е потребно години да живее човекот за да стане зрел, така и на монахот му е потребно да помине триесет скалила за да го достигне совршенството.
По Литургијата беа осветени вештествата со кои во Страсната седмица, нашата Македонска Православна Црква ќе вари и освети свето миро, како и садот во кој мирото ќе биде варено. Осветувањето го изврши Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, а во присуство на речиси сите Архијереи на нашата Црква:
Поради тоа што егоизмот го спречува човекот да ги возљуби Бога и братот, христијанинот се бори да го искорени од себе егоизмот . Се бори да за да Му благоугоди на Бога. Ги познава Божјите заповеди и сака точно да ги исполни во својот живот. Борбата на христијанинот се води поради тоа , а не да Му каже на Бога: јас сум во ред , имам право на спасение .
Во утробата Своја Словото Го прими, Сеносителот во Себе Го носеше, и со млеко Го доеше Оној Кој вселената со манна ја храни, Чиста, Нему Му пееме: Воспејте ги делата Господови, и превозносете Го во сите векови!
Колку всушност ретко се случува да постапуваме со луѓето, онака како што сакаме тие да постапуваат со нас. Ние очекуваме уважување од луѓето, а самите ние ги унижуваме; сакаме да ни помагаат во нужда, а самите ние никогаш не посмислуваме за помагање на ближните, кога сме задоволени.
Како што огнениот пламен секогаш се издигнува нагоре, особено тогаш, кога се размешува материјалот што е зафатен од огнената стихија, така и суетното срце не може никако да се смири. Ако му кажеме нешто што му е угодно, тоа уште повеќе се погордува, а, ако го изобличиме и почнеме да го вразумуваме, тоа почнува силно да ни противречи. Ако го
Најопасното нешто во човековиот духовен живот е компромисот. Компромисот постепено човекот го претвара во фарисеј кој има две лица и две волји. Токму заради компромисот со духот на светот нашата душа станува с# потешка и молитвата сè послаба. Духот на светот човекот го врзува за земјата со стотици алки.
Св. Григориј Палама, архиепископот Солунски, во својата младост бил пратен на училиште. Не само даруван, туку и вреден, во средината на мудри учители, тој брзо напредувал и во световните и во богословските науки. Но, намајќи доверба во помнењето, Григориј си го поставил ова правило: пред секој час да прави по три метании со молитва пред иконата на Пресвета Богородица. И Пресветата му помагала на побожното момче, и тој брзо напредувал во науките, со што привлекол сеопшто внимание.
























