Во пресрет на Велигденската Задушница, кога си спомнуваме за сите наши упокоени, отци, мајки, браќа, сестри и чеда наши, ви предложуваме еден расказ, за силата на молитвите и милостињата во нивни спомен:Епископот Теодорит, кој што живеел во V век, разкажува како веднаш по неговата хиротонија за епископ, дошол еден монах од многу далеку.
Тоа значи дека Црквата не ги одобрува дејствијата насочени кон уништување на човечкиот ембрион. Свети Василиј Велики напишал дека „не ни е дадено да истражуваме дали фетусот е формиран или сè уште е неоформен“. Тоа го вели во врска со теориите кои постоеле во негово време, според кои постои суштинска разлика помеѓу формираниот и неоформениот зародиш.
Нема сомнеж дека живееме во време на отпадништво, пророкувано за последните денови. Практично најголем дел од луѓето се атеисти, иако многумина од нив, теоретски, сè уште веруваат. Рамнодушноста и духот на овој свет преовладуваат насекаде.Која е причината на оваа состојба?
Бој се од Бога и чувај ги Неговите заповеди. Денес – утре ќе дојде смртта. Таму ќе одговараме. Почесто за тоа размислувај, па ќе го чуваш срцето од зли чувства и склоности...
... Сè е под Бога, и кој знае како ќе дојде Ангелот со повик на оној свет.
Прашање кое е тесно поврзано со рајот и пеколот. Ќе го спомнеме примерот на св. Макариј Велики: Еднаш авва Макариј се шетал во пустината и здогледал некој череп. Штом го видел, иако не го познавал се помолил за него и черепот прозборел. Тој бил незнабожечки жрец и бил во пеколот. Сите биле завртени грб
Од зборовите на Самиот Христос знаеме дека душата во моментот на смртта ја пресретнуваат Ангели: ,,А кога умре сиромавиот, го однесоа Ангелите во Авраамовото крило” (Лк. 16, 22).Исто така, од Евангелието знаеме во каков облик се појавувале Ангелите: ,,А неговото лице (на Ангелот) беше како молња и
Во текот на својот живот, човекот се соочува со најразлични тешкотии. Тие се поврзани со здравјето, со финансиите, со работата и многу други моменти во кои човекот ги достига границите на своите можности, доколку биде повикан да се соочи со нив. Така се случуваат оние тешки моменти кога човекот сфаќа дека е совршено неспособен
И кoга гoвoри такoв чoвeк, тoј збoрува нeпoгрeшнo и никoј нe мoжe да најдe лага вo нeгoвиoт гoвoр, oсвeн oниe, кoи спoрeд прeвртeнoст на умoт, ја смeтаат вистината за лага. Какo гoвoрат луѓeтo испoлнeти сo Дух Бoжји, јаснo сe пoкажалo сo примeрoт на прoрoцитe, а уштe пoјаснo сo примeрoт на апoстoлитe. Тoлку
За секое човечко суштество, која средба на земјата е најважна? Да се сретне со Бога! Денеска е таков празник - Светиот празник Сретние. Праведниот старец, свети Симеон Богопримец, се сретнал со Него, со Бога, со малото Детенце Исус, Го зеде в раце и испеа чудесна и прекрасна химна:
Евангелието според Лука ни кажува дека токму во храмот старецот Симеон се сретнал со Богородица и бебето Исус. Земајќи го Новороденчето во раце, ги кажува зборовите што денес се слушаат во секоја православна црква: „Сега го отпушташ Својот слуга во мир, Владико, според зборот Твој “ (Лк. 2, 29-32).
На 12.2.2023 година, во денот посветен на Светите Три Јерарси и големи учители св. Василиј Велики, св. Григориј Богослов и св. Јован Златоуст, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, богослужеше и проповедаше на Светата Златоустова Литургија во храмот „Свети три Ерарси“ во н. Аеродром.
Со секое свое дејствување или недејствување, детето сака да ви каже нешто. Нешто многу важно. Важно е да разбереме, што всушност сака да ни каже. За тоа служи овој импровизиран превод на некои детски состојби.
Никој не може да Го сретне Бога ако нема духовни сили, ако не е воден од Светиот Дух, ако Он не му ги открие наднебесните таинства. Светиот Дух Кој сѐ движи, буди и раздвижува, го поткрепува секој наш чекор во стремежот да се соединиме со Него. Но за да се соединиме со Христа потребно е да извршиме соодветен егзистенцијален чекор – преобразба на нашиот внатрешен живот.
Спасителот е претставен како седи на рацете Симеонови, но не како обично новороденче, туку како четириесетдневен цар на престолот. Христос со Својата десна рака го благословува Симеон, кој е наведнат над Него, а во левата има свиток со којшто го разрешува од гревовите. На иконата на Сретение Спасителот со лицето не е свртен кон Мајката, туку кон Симеон, и таквата положба на Христовата глава укажува на особеноста на Неговото служење, која се препознава и тогаш,
А тоа што беше речено за Симеон, дека ја чека Утехата израилева, покажува како требаше Израил да најде утеха преку Светиот Дух, примајќи, преку својата вера во Него, слобода од римското владеење и од иноплеменото царство Иродово.
Во изразот „Сега го отпушташ Својот слуга, Владико“,
Кажи ни, Симеоне, кого носиш во рацете, та во храмот толку се радуваш? Кому се обраќаш и викашː Сега се ослободив, бидејќи го видов мојот Спасител! Тој е Оној што се роди од Дева. Тој е Бог Словото од Бога, Кој заради нас се воплоти и Кој го спаси човекот. Нему да Му се поклониме.
Прими Го, Симеоне, Оној што некогаш Мојсеј Го виде во мракот на Синај, и Кој стана дете, потчинето на законот!