Литургија на Претходноосветени дарови, храм Рождество на Пресвета Богородица, Скопје(13.03.2020)
Божествената Литургија на претходноосветени дарови е една од најчудесни и трогателни богослужби
во Црквата. Истовремено, таа е и итен повик за често причестување со Светите Христови дарови.
Во неа го слушаме гласот на старите векови, гласот на живото, древно Црковно предание.