архим. Павел Пападопулос: СИТЕ СМЕ ГЛАДНИ ЗА ЉУБОВ
Секој човек гладува. Тој е гладен, но не за смртното,тленото и материјалното. Преку сето ова тој се обидува да го задоволи својот вистински глад. А тоа е гладот за љубов. Ако тој не го задоволи овој негов порив - да дава и да прима љубов, тогаш тој се препушта на јадење, се обидува да стекне материјални работи, и тогаш го губи својот мир и спокој. Може да јаде многу и да се здебели, но сепак нема да биде среќен. Тој може и ќе ги задоволи своите амбиции и „волја“, но нема да може да најде мир во нив.