Апел на монаштвото на МПЦ-ОА до Поглаварите на Помесни православни Цркви (09.04.2016)

Ние не бараме ништо ново или измислено, само бараме да се примени 17от канон на 4от Вселенски собор во Халкидон, кој заповеда: „...со државните и граѓански форми на управа, нека следи и поредокот на црковните парикии“. Ова начало кое отсекогаш важело, е повторено, потврдено и применето од светиот Патријарх Цариградски, Фотиј Велики, според кого: „Црковните правила за границите, секогаш да соодветствуваат на правилата на државите“.























Светиот Дух нè учи да ги љубиме непријателите, така што душата ќе ги сожалува како родени деца. Има луѓе кои на своите непријатели или на непријателите на Црквата им сакаат погибел и маки во пламенот на пеколот. Тие мислат така затоа што Светиот Дух не ги научил на љубовта Божја, оти тој кој е научен на таа љубов, ќе пролева солзи за целиот свет.


























