логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

✣✤✣ Ах, кога Бог би ни ја дал топлината во срцето и кога таа не би исчезнувала! ✣✤✣

На јазикот нека ви биде Исусовата молитва, во умот присуството на Господ пред себе, во срцето – копнежот за Бога или за општење со Господ. Кога сето ова ќе го имате, и кога ќе се втемели, Господ, гледајќи како се трудите ќе ви го даде она за што се молите.

Секоја молитва треба да излегува од срцето, а секоја друга не е молитва. И молитвите од Молитвеникот, и личните, и кратките, сите треба да излегуваат од срцето кон Господ. Таква треба да биде и Исусовата молитва.

Ме молите да ви објаснам (разјаснам) за делото на молитвата... Но овде нема што да се објаснува. Слези со умот во срцето пред лицето на Господ и коленичи и моли: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме грешниот!“ – Тоа ќе биде молитвениот труд. Доколку некој срдечно се труди, Господ, гледајќи го неговиот труд, ќе му ја даде духовната молитва која е плод на благодатта на Светиот Дух.

Ете, тоа е сѐ што треба да се каже и сфати за Исусовата молитва. Сѐ останато не се однесува на неа; така непријателот нѐ одвлекува од вистинската молитва.

Треба со внимание да се сосредоточиме во срцето и постојано да стоиме таму пред Господ. Тогаш ќе ја забележувате секоја ситница. Молете се, Бог ќе даде!

Сѐ додека постои ревност, ќе биде присутна и благодатта на Светиот Дух. Таа е оган. Огинот се одржува со дрва. Духовно дрво е молитвата... Штом благодатта ќе дојде до срцето веднаш се раѓа обраќање на умот и срцето кон Бога, т.е. семето на молитвата. Потоа доаѓа богомислието.

Божјата благодат, вниманието на умот и срцето ги насочува кон Бога и ги сосредоточува на Него. Бидејќи умот никогаш не мирува, како што се врти кон Бога, за Него и размислува. Оттаму потекнува сеќавањето на Бога, постојаниот сопатник на благодатната состојба... Сеќавањето на Бога задолжително води кон созерцание на Божјите совршенства и Божјите дела: благост, правда, избавување, суд и награда. Сето ова заедно е Божји свет или духовна област. Подвижникот постојано живее во оваа сфера. Ова е својствено за оној што се труди. Сакате ли да ја одржите ревноста? Одржувајте го пропишаното расположение... Секогаш имајте ги покрај себе духовните дрва и штом ќе забележите дека огнот на ревноста слабее земете некоја цепеница и обновете го духовниот оган. И сѐ ќе тргне на добро. Од сите тие духовни движења се постигнува стравот од Бога, стoењето пред Него со страв во срцето. Станува збор за чуварот на благодатната состојба... Вдлабочете се во ова и добро размислете; вселете се во срцето... и непрестајно оживувајте ја во себе... и ќе бидете живи.

Ете, сѐ е тука. Ах, кога Бог би ни ја дал топлината во срцето и кога таа не би исчезнувала! Целата молитвена насоченост кон Бога би требало токму ова да го произведе. Но, сѐ е од Бога.

Срдечно исполнувајќи го правилото чувајте ја трезвеноста на умот и топлината во срцето. Кога последнава ќе почне да се намалува побрзајте да ја разгорите, знаејќи со сигурност дека штом ќе ја снема тоа значи дека половина од патот за отпаѓање од Бога веќе е поминат. Стравот од Бога е чувар и поттикнувач на внатрешната топлина, но потребно е и смирение, трпение, и верност на правилата, а пред сѐ трезвеност. Внимавајте на себе, заради Господ. Пазете да не заспиете, или ако сте задремале – разбудете се.

~ Схи-игумен Харитон Валаамски

извор:мпц.орг.мк



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Јуни 13, 2025
SV.JOVAN.Kronshtatski

Акатист кон Светиот и праведен отец Св.Јован Кронштадски Чудотворец

Љубављу својом озари нас, грешне и немоћне, удостој нас да принесемо плодове покајања, и да се неосуђено причешћујемо Светим тајнама Христовим. Силом својом веру у нама оснажи, у молитви нас подржи, немоћи и болести исцели, од искушења и непријатеља видљивих…
Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.

Света Троица во Стариот Завет

Јун 30, 2024 Полезно и Потребно 1491
Avraamovo.GOSTOLJUBIE
„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од…

За нафората

Јун 25, 2024 Полезно и Потребно 1728
HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3901
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Најново од духовност

Православен календар

 

28/06/2025 - сабота

Петровденски пости (на риба)

Св. пророк Амос; Св. маченици Вит, Модест и Крискентија; Преп. маченик Дула; Блажениот Августин, епископ Ипонски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на св. Христова маченица Акилина  26 јуни/13 јуни  2025

Тропар на св. Христова маченица Акилина 26 јуни/13 јуни 2025

Избран саду на Божјата благодат,Акилино света девственичке,радост на ангелите, посрамување на демоните,моли се, о, ти јагне Божјо,за оние кои Неговата...

Тропар на светиот  Христов подвижник Онуфриј Велики  25 јуни/ 12 јуни  2025

Тропар на светиот Христов подвижник Онуфриј Велики 25 јуни/ 12 јуни 2025

Блажен си ти о велики Онуфрие,кого Бог во борба го поведе,да покаже и посведочи дека телото може да се победи,стариот...

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј  24 јуни/11 јуни 2025

Тропар на св.апостол Христов Вартоломеј 24 јуни/11 јуни 2025

Благата вест ширејќи се по земјата,се изли и од устата твоја дури и до Индија, о Вартоломее апостоле Христов,на крст...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная