Излезе од печат најновиот број на списанието „Премин“ (08.10.2018 )
Старецот: Љубовта ги содржи милоста и чинењето добро на ближниот, долготрпението и поднесувањето на сè што од него доаѓа. Имајќи ги овие својства, љубовта го скротува гневот кај оној што ја стекнал.
Братот: Навистина, не се мали нејзините дела. Блажен е оној што е во состојба да ја стекне. Јас, пак, навистина сум далеку од неа. Сепак, те молам, отец, кажи ми што е долготрпение.