ИЗЛЕЗЕ ПРВИОТ ПРАВОСЛАВЕН ИНТЕРНЕТ ПРЕБАРУВАЧ „РУБЛЕВ“ (05.03.2015)
„Одамна сакав, на Интернет да се појави јасен и удобен водич за верниците и за оние кои тукушто го започнуваат својот пат во светот на православната вера. Да може да се постави прашање до свештеник. Да се има пристап до прегледен, удобен и јасен православен календар. Да се поздрават блиските за нивниот именден со честитка по маил. Да се бараат празници, молитви, светители, икони, храмови и т.н. – на едно место. И сега, сето тоа е можно“, – одговара Гримов.