† СОБОР НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА (08.01.2018)
Прашањето се состои во тоа, дали сте допуштиле, во вашиот дом, да влезе и да живее со вас Христос? Дали помеѓу вас живее Неговата љубов, Неговото трпение, Неговото милосрдие, опростување и искреност? Дали во вас живее верата во Него за вечен живот и надеж во Неговата милост? Дали вашите деца, покрај тоа што ги храните со овој насушен леб, ги храните со Лебот на вечниот живот?