Како што веќе кажавме, знаењето дека Бог постои е всадено во нас природно. Но, бидејќи омразата на лукавиот спрема човекот станала толку голема што некои од луѓето ги одвлекла во најнеразумната и најстрашна бездна на пропаста – дотаму да тврдат дека Бог не постои – та поради нивното безумие толкувачот на Божествените слова, Давид, морал да напише; Рече безумниот во срцето свое: „Нема Бог“ (Псалм 14:1),
„Ние немаме трпение. Нашата генерација нема трпение. Генерацијата на нашите родители немаше трпение. Од падот на Адам до последниот човек на Земјата, сите ја правиме истата духовна грешка - не сакаме да го слушаме Бога и веруваме во секакви чудесни рецепти за спасение. Но, не постои брз и лесен пат до спасението,
На 8.12.2022 година, денот во кој Црквата го прославува празникот на заштитникот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, свети Климент Охридски, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан чиноначалствуваше на Божествена литургија во Соборниот храм ,,Свети Климент Охридски” во Скопје.
Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време и творец на далеку познатата Охридска книжевна школа е најзначајниот македонски средновековен писател и педагог.
На 7.12.2022 година, во пресрет на празникот Свети Климент Охридски, со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, чиноначалствуваше со Празнична вечерна богослужба во Соборниот
Климент бил вистинскиот водач, двигател на својот народ и пастир на својата Црква, поради што и бил сметан за светител на Охридската архиепископија. „Тој нѐ направи поблиски од другите и ние секогаш бевме со него“ - ќе истакне Теофилакт – поставувајќи се во улога на Климентов ученик и следбеник на традициите.
На 6.12.2022 година, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г. г. Стефан, присуствуваше на Вечерната богослужба со која, по 55-ти пат, започна прославата на патрониот празник на Македонската православна богословија, „Свети Климент Охридски“
„Како што рѓата го оштетува и го кородира железото, така и љубомората ја јаде душата што ја поседува“. Зависта најпрво го навредува завидливиот, а потоа оној кому му завидува. Прво си ја јаде душата - како змијата што го јаде желудникот што ја хранел - а потоа го каснува оној кому му завидува.
Да, сето тоа му наштетува на оној што е внимателен. Преку твоите способности, бори се правилно со страстите. Какви било страсти и да забележиш во себе, постојано бори се со нив. Прави го ова не само со своите сили, туку и со Божјата помош.
Ваквиот одговор ме поттикнува на прашањето: како философијата може да му даде смисла на човековиот живот, кога така го решава кобниот проблем за смртта? Всушност, разните философии не се ништо друго освен аритметика на песимизмот. Кога човек од ивицата на гробот го набљудува светот, тогаш ниту една философија не може да ја заслади горката тајна на смртта.
Пред проблемот на смртта издивнува и самата наука. Многумина зборуваат: науката е сила, науката е моќ. Но, кажете: зарем е сила онаа што е – бессилна пред смртта, во самата суштина сила? Зарем е моќ онаа што е немоќна пред смртта, во самата суштина моќ? Нема сили освен онаа што ја победува смртта. Велат: науката е човекољубива.
Света Анастасија постојано предизвикувала воодушевување. Во текот на Втората светска војна, Германците дошле до градот и требало да влезат во него. Еден војник кој бил на гробиштата на крајот од градот, видел дека таму оди стара жена со бастун. Тој ја застанал и и викнал: „Која си ти?" Таа му одговорила: „Јас сум Анастасија, го чувам овој град". Германците не можеле да влезат во градот.
✤✣✤
Историјата на овој пост е недоволно јасна, односно сведоштвата дека тој започнал да се практикува уште од древноста се многу ретки. Постои основано мислење дека тој започнал да се практикува уште од V век. Така на пр. според едно сведоштво трите четириесетници се развиле најдоцна до VII век, односно