Беседа на денешното Евангелие посветено на свети Ефтимиј Велики
Само кратко да се потсетиме: Луѓето бараат мир, велат дека се вознемирени. Луѓето бараат мир, велат дека се растревожени. Луѓето бараат мир, велат дека имаат сѐ и сешто во главата. Вулкани им експлодираат помисли им брујат, а Евангелието денес ни зборува како да се има тој мир посочувајќи на Христа Кој вели: Поучете се од мене бидејќи сум Kроток и Смирен по срце.






Треба во секое време да сме подготвени за денот, во кој ќе дадеме отчет пред Спасителот за сите наши беззаконија. Заради тоа, нужно е што поскоро да започнеме со духовен стремеж и да го најдеме својот пат на духовно восходење. Ете, учителката го воведува детето за раче во училиште, а после тоа го учи на азбуката. Така е и со свештениците во Црквата.
Го пренесуваме говорот на Викарниот Епископ Стобиски Јаков на научниот собир „Српскиот идентитет, српскиот јазик и Законот за родова еднаквост“, организиран од Информативната служба на Српската Православна Црква и Матица српска на 16 јануари 2024 година, во Националната библиотека на Србија.
Веќе првиот израз на овој текст е значаен: еретиците се карактеризираат како мртви, а Православните ги „имаат за спасение Светите Писма“, кои малку понатаму се нарекуваат „Боговдахновени“ и „извори на спасението“, во кои единствено „се благовести науката на Благочестието“, т.е. црковната вистинска (=Православна) вера и живот и спасение.
Поука прва


Сè ни е дозволено, но не можеме и не смееме да дозволиме ништо да владее со нас, да не поробува. Штом нè пороби нешто друго освен Христос, ќе почувствуваме дека сме лишени на некој начин, а степенот на лишеност ќе зависи од тоа во која мера робуваме на нешто друго надвор од Христа.„Ниту богатството ни убавината и славата па дури и духовноста, постот и молитвата не смеат да ...
Делата засветлија во Православието
Антониј Велики беше еден од првите монаси што светот го оставија и во пустина заминаа. Тој со право се смета за татко на животот монашки. Во Црквата наша тој често како учител на пустиниците се спомнува. Со време крај неговата ќелија се беа собрале многу монаси што во ликот негов спокој најдоа.
Ниe гo глeдамe oвoј матeријалeн и минлив свeт, нo глeдамe и на oнoј, духoвниoт и бeсмртниoт свeт.Ниe гo глeдамe зeмнoтo вeсeлиe, чeстoпати прeкинуванo сo плач и вoздишки, и на крајoт сeкoгаш завршeнo сo смрт, нo ниe глeдамe и на духoвната радoст мeѓу ангeлитe и Бoжјитe свeтитeли на нeбeсата, на нeпрeстајна и вeчна радoст.
Не е убаво да мислиме дека на Бога Му е добро или лошо поради човечките дела. Бог е добар и го прави само тоа што е добро, на никого не му прави ништо лошо, останувајќи секогаш ист и неизменлив, а ние кога сме добри, тогаш општиме со Него, како слични со Него, а кога сме лоши, поради нашата разлика со Него, се одделуваме и оддалечуваме од Него.

























