Заврши непосредната заштита на архитектурата на црквата „Св. Ѓорѓи Победоносец“ во с. Младо Нагоричане
Обемната конзервација и реставрација на овој значаен споменик на културата од поствизантискиот период се одвиваше во повеќе фази, а стручните екипи на Националниот конзерваторски центар во целост ги реализираа активностите за: консолидација на архитектонско-конструктивната структура на црквата, изведба на дренажен систем и партерно уредување.