логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

✜✣✜
 

Не нѐ спасува  тоа што еднаш на некого ќе му направиме милост, макар што, ако некогаш некого презреме – сме виновни и достојни за вечниот пламен. Спасителот говори во Светото евангелие: „Гладен бев... жеден бев“ (Матеј 25, 35). Овие зборови не се однесуваат за еден случај и само за еден ден, туку се однесуваат на целиот живот. Исто така, и неговите зборови: „Ми дадовте да јадам... Ме напоивте“ (Матеј 25, 35), како и за другите услуги што сме им ги направиле на своите ближни, покажува каков бил нашиот постојан однос спрема нашите ближни - спрема сите. Нашиот Господ Исус Христос рекол дека нашата милост кон луѓето ја прима Он Самиот од нас; она што го правиме за нашите ближни - го правиме за Него.


Оној што им дал милостиња на стотици што биле во немаштија, а можел да им даде и на други, можел да нахрани и да напои уште многумина, но ги одбил оние што му се молеле, тој ќе биде суден од Господа Исуса Христа, како да не Го нахранил Него. Зашто, во сите тие што му се молеле и што барале милостина од него е Он Самиот, Кој е нахрануван кога ги храниме гладните.


Оној што сега ќе им го даде на сиромасите сето она што им е потребно за нивното тело, а утре, иако има можност да го направи истото, ги занемарува своите браќа и ги остави да умрат од глад, жед и студ, тој Го оставил да умре, Го презрел Оној Кој рекол: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 40).


Зашто, Господ благоволил да се вподоби со секого од сиромасите, за никој од оние што веруваат во Него да не се погордеат над својот брат, туку, гледајќи го во секого од нив својот Бог, - да се смета помал и поништожен од него и да знае дека тоа го прави за својот Создател, да биде готов за Него да го даде и целиот свој имот, така како што Господ Исус Христос се предал Себеси и ја пролеал Својата крв за нашето спасение.


Кому што му е заповедано да го сака својот ближен како што се сака себеси, тој, се разбира, не треба така да го сака само еден ден, туку така треба да го сака во целиот свој живот. Исто така, и оној што сака другите да му прават добро секогаш, и тој е должен да им го прави тоа на другите.

Оној што го сака својот ближен како себеси, тој не може да си дозволи да има повеќе од него, и оној што има, ако не го раздаде сето она што го има, не раздава сѐ додека има, така што и тој самиот да стане сиромав и не стане сличен со своите сиромашни браќа, тој нема да биде вистински извршител на Господовата заповед. Исто така, оној што има кај себе и најмала пара и макар еден залак леб, ако го испрати својот сиромашен брат, кој му бара милост, без ништо, и тој не ја извршува Господовата заповед, а сака во слични околности – другите да бидат милостиви спрема него. На тој начин, и оној што секој сиромав го хранел, го облекувал и правел за него сѐ што било потребно, а презрел само еден, само за еден не се погрижил, - и тој ќе биде вброен кон оние кои Го презреле Господа Исуса Христа и Бога – кога бил гладен и жеден.


Како некои Го заклучуваат Христа само во еден сиромав, кога е Он неразделно разделен и целиот е во секој сиромав? Сега да претпоставиме во нашиот ум, дека сто сиромаси се како еден Христос, зашто Христос потполно неразделно се наоѓа во секого од нив. И затоа, кога некој на деведесет и девет сиромаси им дал  по една монета, а само на еден не му дал, туку го изгонил без ништо, што мислиш: кому му го направил тоа? Се разбира, тоа Му го направил на Самиот Христа, Кој рекол, вели и секогаш ќе говори: „Доколку сте го направиле тоа на еден од овие Мои најмали браќа, Мене сте Ми го направиле“ (Матеј 25, 40).

Од овие Христови зборови се гледа дека Господ го присвојува за Себе она што сме го направиле за сиромасите – за нашите сиромашни браќа. Зборовите негови: „И Мене не сте Ми го направиле“ (Матеј 45, 45), не се ограничуваат само со оние, со кои сме биле немилостиви, ни со оние што сме ги онеправдале, или оние со чија сопственост сме се користеле и на кои сме им направиле секакви други зла; овде се и оние што сме ги презреле. А самото тоа е доволно за да бидеме осудени, зашто, презирајќи ги нив, ние Го презираме Самиот Исус Христос.

Можеби ова на сите им се чини тешко, па затоа мислат дека се прави кога си говорат на себеси вака: „Кој може точно да го исполни сето тоа: сите да ги нахрани и задоволи и ниеден да не остане незадоволен и ненахранет?“ Но, да го слушнеме што говори за ова светиот апостол Павле, кој ги изговорил јасно следниве зборови: „Љубовта Христова нѐ гони да размислуваме за ова“ (2. Кор. 5, 14).


Како што главните заповеди ги содржат во себе сите одделни заповеди, така и главните добродетели ги содржат во себе сите одделни добродетели. На пример, оној што продал сѐ што имал и парите им ги разделил на сиромаси, станувајќи самиот сиромав, тој одеднаш со тоа ги исполнил сите заповеди, кои се однесуваат на ова. Тогаш тој веќе ќе нема обврска да им дава на сиромасите и нема да има можност да се оттргнува од оној што би барал од него.


Извор: ДОБРОТОЉУБИЕ – Том V
Преподобен Симеон, Нов Богослов - Дејствителни и богословски глави (123- 132)

Подготви: Т.С

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3141
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7620
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная