Свети Григориј Палама СЛОВО ЗА ОДБРАНА НА ОНИЕ КОИ СВЕТО БЕЗМОЛСТВУВААТ (3)
Но, не беше онаа (светлина) едноставно чувствена, иако се појави на пророковото лице, бидејќи славата на светлината од лицето на Мојсеј, според свети Макариј, и сега светиите ја примаат во душата. Истата (светлина) овој (отец) ја нарекува „слава на Христа“ и смета дека е над чувствата иако е достапна за чувствата, земајќи го она апостолското, со мал додаток: „Сите ние со откриено лице славата на Бога, то ест неговата умна светлина, како во огледало ја гледаме, во истата икона преобразувајќи се од слава во слава,