логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Место - гинекологија Чаир, време - пред едно четврт век, сведок и протагонист - јас. Породена претходниот ден со царски рез, ме симнаа на „одделение“. Таму сме сите „сечени“ (лепени и монтирани). Нема соби, туку боксови кои се одвоени меѓу себе со премачкано стакло во висина од околу метарипол. Во боксот со мене лежи една „џомба“, староседелка од неколку дена. Успеала колку-толку да го оплемени просторот во кој секојдневно ја дочекува својата ќерка. Чиста, здотерана, намирисана, мајката на Азра. Ме поучува дека постапката на пакување во чаршафи до гуша и средување на креветот за да не се види ниту една крвава дамка е редовна процедура пред да помине визитата. Ме советува да не мрдам додека не поминат докторите, па дури потоа да се размрдам, а околу пладне ќе ми го донесат бебето. Послушно ги следам нејзините инструкции. И да сакам, не можам да се помрднам од болки. И навистина, по некое време, доаѓаат белите мантили. Кратко застануваат пред нашиот бокс, не ги ни дослушувам што си кажуваат и преминуваат на соседниот. Од таму, слушам еден брутално продорен глас „Ти, спакувај се, викни ги твоите, бебето ти умре.“ Толку. Си отидоа.
Во ужас, се погледнуваме со цимерката. Морам да станам, да видам кому беше упатена грозната вест. Покрај сите болки, се подигам на лакти и здогледувам едно ситно девојче. Долгата црна коса и’ е фатена на врвот од темето со розов стегач, а избеганите прамени се залепиле по вратот. Низ болничката наметка се наѕираат ситните гради со набрекнати брадавици, желни да го напојат чедото. Со цимерката ја гушкаме. Панично, во еден глас, ја бомбардираме со прашања - кого да викнеме (тоа беше ера без мобилни телефони), што да и’ донесеме, ја понудивме со сок, шеќер, вода ... и ред други блаботилаци. Како да сакавме да ја надзбориме смртта. Девојчето молчи. Замолчивме и ние. Едно време, цимерка ми, галејќи ја по влажното лице ја прашува колку години има. Дванаесет, одговара таа.  Ни кажа дека ќе дошле маж и’ свекрвата и, онака наивно детски, се насмевна. Дванаесет години, си повторувам во себе. Скршена фиданка пред воопшто да процути.
Откако го раскажав ова, драги пријатели, дали некому му значи дека детето-мајка, беше Ромка? Го користам политички коректниот термин „Роми“ затоа што лесно се палиме и уште полесно се дефокусираме од секојдневието кое ни ги боде очите. Знам дека ако децата кои просат на семафор ги именуваме како „Ромчиња“, нема да престанат да го прават тоа. Знам дека и мајката со бебе, набутана меѓу колите, на четиесет и кусур степени, нема да се чувствува подобро ако и се обратам со „Ромка’. Знам и дека малолетните бракови се честа појава меѓу Ромите, бидејќи имам сретнато барем уште неколку примери од моето непосредно окружување кај што момчињата се женат на четиринаесет години или кај што одлични ученички во основно, па и средно  училиште го прекинуваат образованито затоа што мораат да се омажат.
Ама, исто така знам, дека цела бригада НВО-активисти за правата на Ромите, министри за спроведување на обврските од Декадата на Ромите, пратеници од ромски партии, градоначалници Роми и што уште не, се немоќни пред проблемите на оваа ранлива категорија наши сограѓани. И така, кругот се врти во недоглед.
Умре кобилата Аурора, драги пријатели. Се крена многу прав околу еден пост на мојата другарка, Ирена Ристиќ. Да сочекаме да слегне, да ги отвориме очите и да подразмислиме за една многу проста дилема: Дали судбините на нашите сограѓани ни се помалку поважни од нивниот колективен пежоратив и дали нашата судбина навистина е проклета?
Сé додека ги затвораме очите пред случувањата околу нас и сé додека чекаме други да одработат наместо нас, да бидеме начисто - сите ние сме Цигани. Нема да дообјаснувам, елаборирам и ламентирам за тоа што подразбирам под оваа констатација, туку само ќе напишам нешто што одамна е кажано. И тоа само во еден стих од песната „Балкан“ од скопскиот Хрват, Џони Штулиќ:


Mi smo ljudi cigani, sudbinom prokleti,
uvijek neko oko nas, dođe pa nam preti.

Избор од ФБ станата на:

проф. Гордана Попсимонова

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Наука и Култура

Септември 25, 2024
Zivko.Grozdanoski3

Интервју со Живко Грозданоски: ДПМ може да дејствува гласно, сложно и независно

Ми се чини дека надворешните предизвици, како на пример отсуството на соработка со некои членови (на Управниот одбор) на ДПМ, некои обиди за саботажа итн. (сè се тоа нешта што веројатно секогаш ќе ги има); па сега слабиот рејтинг на ДПМ меѓу членството и во…
Август 29, 2024
TviTER231

„РАДОСТА НЕ ДОАЃА САМА, ТАА МОЖЕ ДА ЈА ЗАСЕНИ ТАГАТА“ Академик Ќулавкова добитничка на наградата „Браќа Миладиновци“ на СВП

Пред 35 години, август 1989-та, ми беше доделена првата награда за најдобра поетска книга на годината, напишана на македонски јазик, ‘Браќа Миладиновци’. Тоа беше мојата книга ‘Жедби’, со поднаслов ‘Престапни песни’. Во неа, во шест циклуси, опеав неколку…

По премиерата на новиот филм „The Walk“ во Њујорк на двојната кандидатка за Оскар - Тамара Котевска

Ное 14, 2023 Филм, Театар 2157
Tamara.Kotevska
Работејќи од нејзините разговори со Асил и другите деца бегалци, режисерката направи…

„ПОЕЗИЈА ОД МАКЕДОНИЈА“ и „Версвил“

Авг 19, 2023 Литература 2673
TVIT762
Реномираното меѓународно списание за поезија „Версвил“, својот најнов број во целост го…

Беседи

БEСEДА  за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

БEСEДА за Прeсвeтата Дeва Бoгoрoдица

Или, акo e слугинка oнаа кoја крoткo и мoлчаливo ги пoднeсува ситe наврeди и тeшкoтии, oчeкувајќи самo награда oд свoјoт гoспoдар, тoгаш пак e Прeсвeта Дeва, првата и најдoбрата oд...

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Митрополит Струмички Наум: ДЕЈСТВУВАЊЕ СЕГА И ОВДЕ

Последици од умислениот живот таму и некогаш се: очајание и напуштање на конкретниот подвиг, апокалиптични проекции во кризни ситуации, зависност од социјални мрежи, неуспех, неблагодарност, незадоволство, незнаење итн...Има и друго...

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

БEСEДА за тoа какo на Бoга му e најмил чoвeкoт и на чoвeкoт - Бoг

Љубoвта на хрстијанинoт, пак, би мeжeла да рeчe: “Ти, Гoспoди, ми даваш здравјe и тoа e дoбрo. Ти ја палиш свeтлината, пушташ дoждoви, сo грoм вoздухoт гo oсвeжуваш и тoа...

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Дедо Наум: Кој има уши да чуе и отворено срце за да разбере..

Да повторам, единствена Глава на Црквата е Христос, а Епископот се почитува како оној што е на место и обличје Христово, како икона Христова. Ова го потврдува и Самиот Господ...

БEСEДА  за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

БEСEДА за задoвoлувањe сo oна штo ни e најпoтрeбнo

 Пoбeдата e главнoтo задoвoлствo на oниe кoи сe бoрат. А христијанитe сe, браќа, вo нeпрeстајна бoрба, вo бoрба за пoбeда на духoт над матeријата. Вo бoрбата за прeoвладувањe на вишиoт...

Св. Јован Шангајски: Богојавление

Св. Јован Шангајски: Богојавление

За да се овозможи оваа промена, за природата да се подготви за непропадливоста која ќе настапи после судниот ден, Христос дојде на водите Јордански. Слегувајќи во Јордан, Христос не ги...

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Старец Георгиј Капсанис: БОГОЈАВЛЕНИЕ

Да го бараме од Бога тоа божествено просветлување, за кое некои од нас имаат не каков мал опит. Понекогаш се отвораат душевните очи и гледаме нешто друго. Тој што го...

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

Митрополитот Струмички г. Наум: „Зошто овој род бара знак – за да поверува?"

„Зошто овој род бара знак – за да поверува? Од времето кога Богочовекот Христос ги изговори овие зборови, па до денес, ништо не е променето. И ние денес, исто така,...

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Отец Пимен: И додека го чекаме Рождеството на Христа

Ако стоите со срцата далеку од Бога Новородениот не кажувајте дека Христос се роди. Не одговарајте дека Навистина се роди, оти така и Божјата заповед ќе ја скршите што го...

« »

Најново од култура

Православен календар

 

30/01/2025 - четврток

+Преподобен Антониј Велики; Светиот цар Теодосиј Велики; Светиот маченик Георгиј Нов Јанински;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Тропар на Чудотворната икона на Пресвета Богородица Млекопитателница12 јануари / 25 јануари 2025

Со благоволение на Oтецот,  од Божествениот Дух бессемено си го зачнала Синот Божји;Оној Кој постои од Отецот без мајка пред...

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Тропар на светиот епископ Ниски, Григориј 10 јануари / 23 јануари 2025

Словото Божјо привлекувајќи те кон Себе,со мудрост те обдари,о свети епископе Григорие,венец исповеднички доби,кога црквата од ереси ја очисти,

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Тропар на светиот Христов маченик Полиевкт 9 јануари / 22 јануари 2025

Светлината која се покажа на лицето твоеја истера темнината на незнаењето,о, Полиевкте блажен ученику на Љубовта Божја,тебе кого Христос Го...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная