Благодарение на Божествената Литургија „секогаш е Педесетница“
За да може да се служи Тајната Божествена Литургија, Господ на апостолите и нивните наследници им ја подарил „Силата со која тоа ќе го прават“, односно Светиот Дух. „Во тоа е делото на слегувањето на Светиот Дух. Бидејќи, Тој не слезе само еднаш за потоа да нѐ напушти, со нас е, и така ќе биде засекогаш... Тој преку рацете и зборовите на свештеникот, ги осветува Светите Тајни“ (Св. Никола Кавасила).