Преподобен Јован Карпатски: За да не му позволуваме на нашиот ум да лета и да се расејува
Зашто и беззаконието, па, според тоа, и демоните, и страстите, и гревовите се гнев Божји, како што Му говори Исаија на Бога: „Ти се разгневи, зашто ние одамна грешевме“ (Иса.64,5). Човекот може да избега и од овој гнев, ако е непрестајно внимателен спрема своето срце, ако се моли и ако усрдно се бори да биде внатре во своето внатрешно живеалиште.