Господ се искачил на Голгота за сѐ да спаси – старец Софрониј Сахаров (26.09.2015)
Во што се состои нашиот подвиг? – Во тоа да ја победиме нашата индивидуална гревовна волја и да станеме носители на сознанието на Самиот Бог, односно Христос. Во што се состои задачата? – Во тоа да мислиме како што мисли Самиот Бог, и во тоа да ги гледаме нештата како што ги гледа Самиот Бог. И од малите работи се добива резултат огромен, величествен, кој може да го порази секој човек: „А како е тоа возможно?“