Мајката Божја – пример за вистинска љубов
Вистинска исповед на една монахиња, која по нејзиното претставување пред Господа ја посведочил нејзиниот духовник, според нејзинате желба додека била жива, по милоста Господова да се објави љубовта на Неговата Мајка, Пресветата Владичица наша, Богородица.Една монахиња во еден руски манастир, поради својата благочестивост, во манастирот имала само едно послушание: секое утро да ја украсува иконата на Мајката Божја со свежи цвеќиња.