Катица Ќулавкова: ОДА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК
Не те бирав, ама би те избрала
Меѓу сите јазици на светот
Тебе, навидум мал, а голем
јазик на исконот и на иконата
Тебе, оти си жив доказ за преминот
Не те бирав, ама би те избрала
Меѓу сите јазици на светот
Тебе, навидум мал, а голем
јазик на исконот и на иконата
Тебе, оти си жив доказ за преминот
-Македонскиот јазик е темелот на македонскиот идентитет. Круната на неговата кодификација е 5 мај 1945, денот што денес го прославуваме. Иако првпат е прогласен за службен јазик во нашата држава на 2 август 1944, на Првото заседание на АСНОМ, континуитетот во развојот на македонскиот јазик го следиме уште од X-XI век,
Од денес, 3.5.2022 до 9.5.2022 година, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, се одржува Меѓународниот саем на книгата. На него традиционално, веќе едно десетлетие, учествува Македонската Православна Црква. Годинава на нашиот штанд своите издавачки дејности ќе ги претстават: Скопската, Дебарско-кичевската, Преспанско-пелагониската, Повардарската, Брегалничката и Кумановско-осоговската епархија.
На денешен ден, на 5 мај 1945 година, со Решение на Народната влада на Федерална Македонија е усвоена азбуката на македонскиот јазик, а по два месеци Министерството за просвета го озакони првиот правопис на македонскиот јазик.
Овие два датуми не се внесени во календарот за празници на Собранието на Република Македонија, додека согласно со Законот за празниците
После повеќе од 200 години од смртта на великиот македонски книжевник Јоаким Крчовски, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, донесе одлука за прибројување на Крчовски во диптихот на светиите. На 22 овој месец во манастирот „Св. Јоаким Осоговски“ ќе биде извршена свечена канонизација на Јоаким Крчовски.
Многумина зборуваат за својот патриотизам и љубовта спрема татковината, но татковината, пред сè, се луѓето. Татковината не е само минато, туку е и сегашноста и иднината. Оние родители кои ги убиваат децата, ја убиваат иднината на својата татковина. Тие вршат геноцид против сопствениот народ.
Кога незадржливата вода на страсните помисли од нашиот ум ќе биде задржана со наитието на Светиот Дух, а солената бездна на неподобните мисли и спомени ќе бидат зауздени со воздржувањето и помислата за смртта, тогаш почнува да вее Божествениот Дух на покајанието, кои, Бог и нашиот Господ, изливајќи ги во мијалницата на покајанието, ги измива нашите духовни нозе и ги прави достојни да одат по дворот на Неговото царство.
Најлесно е да си толпа. Јудејска збирштина. Да немаш своја волја. Да не преземаш никаква одговорност. Да не си го тераш умот да размислува. Едноставно да бидеш следбеник. Како овца. И да викаш „земи, земи“ да бараш да биде распнат, оној за кого до вчера си зборувал убаво.
Најлесно е да бидеш Варава (Бараба). Да ја градиш својата слобода, твојот живот, на штета на некој друг.
... Бидејќи духовните книги ги читате без нечие раководство, се плашите да не ви се случи да западнете во некакви неправилни мисли и да прифатите неточни мислења. Вашето стравување е многу оправдано. Затоа, ако не сакате да пострадате од ваква душевна неволја, не голтајте ги секаквите нови книги, макар тие да се и со духовна содржина, но чии автори не го потврдиле своето учење со светоста на својот живот; читајте ги делата на оние Отци кошто Православната црква ги прогласила за апсолутно и несомнено поучни и спасоносни.
Човек комбинира едно, па друго, па трето и ете. Размислува, тоа ќе биде, ова ќе биде, а всушност ништо нема да биде. Само усложнува и сам си го расипува расположението и после некој друг му е виновен што е тој нерасположен (му го расипале денот). Поминал некој и му го расипал расположението. А, нема "некој", туку сам човек си прави и си расипува.
Во вториот дел, продолжение на месец Декември, се содржани светителите кои се празнуваат од 10 до 20ти ден во месецот, нивно пролошко житие, икона на светителот, тропар на македонски, со превод на црковнословеснки и англиски јазик, приложени на западни нотни и источни неумски партитури.
Христовото Воскресение е најголемиот настан во историјата. Тоа е она што го диференцира Христијанството од било која друга религија. Другите религии имаат смртни водачи, додека Глава на Црквата е Воскреснатиот Христос. Христовото Воскресение е обновувањето на човечката природа, повторно создавање на човечкиот род,
И знаете што - секогаш кога го гледам, плачам за страданијата Исусови како прв пат да го гледам. Наивно и како дете. И не само за Исусовите туку за страданијата човечки воопшто. За она што човекот го има како потенцијал како Божјо чедо, а кое му е одземено, љубовта претепана, крилјата отсечени, она што има да го даде од себе за да го спаси светот - исмејано.
Душа, која еднаш Му се предала на Бога и која многупати ја познала Неговата помош, не се грижи веќе за себеси, туку се врзува со вчудоневиденост и молчење, и нема можност да се враќа одново кон некогашните начини на своето сознавање и да се служи со нив, да ги употребува на дело, за да не биде лишена од Божјата промисла, која таинствено и непрестајно ја надгледува душата,