На Велики Четврток, на крајот од Литургијата (по замвонската молитва), се извршува чинот: Архиерејското миење на нозете на 12 свештеници, кои ги претставуваа 12 апостоли на Тајната вечера. За тоа време се читаат текстовите од евангелијата, кои говорат за тоа како Христос им ги измил нозете на апостолите, почнувајќи од Јуда, за да не рече дека го запоставил,
Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.
6. А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот,
7. се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата.
8. И штом го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање?
На Велика Среда се одбележуваат три значајни настани: Последното претсмртно помазание на Господа, Заговорот на јудејците за да Го убијат и Јудиното предавство на Христа за триесет сребреници. И на Велика Среда се читаат библиските текстови кои се во контекст со претходните денови и во врска со настаните од
Зoштo апoстoлoт гo става нашeтo oсвeстувањe вo зависнoст oд вoскрeсeниeтo на Гoспoда? Затoа штo вoскрeсeниeтo на Христа oд мртвитe e главeн пoништувач на грeшeњeтo. И затoа штo нас ништo на свeтoт нe мoжe да нè oдврати oд грeшeњeтo какo сoзнаниe дeка Гoспoд станал oд грoбoт, дeка сeга сeди жив на прeстoлoт на славата и дeка нè чeка нас на Свoјoт Суд.
32. Не бој се, мало стадо! Зашто волјата на вашиот Отец е вам да ви го даде царството.
33. Продајте ги имотите ваши и давајте милостина! Згответе си ќесиња, што нема да изветват, сокровиште на небото, каде крадец не се приближува и кое молец не го јаде;
34. зашто, каде што е сокровиштето ваше, таму ќе биде и срцето ваше.
Господи, жената што беше падната во многу гревови, која го позна Твоето Божество,
кога го прими чинот на мироносица, пред погребението,
Ти принесе миро редејќи и говорејќи: Тешко мене, ноќта
СИНАКСАР
Стихови:
Една жена, излевајќи миро врз телото Христово,
Го испревари Никодима кој носеше смирна за Покојниот.
Со поглед кон Небото подигнат,
свети Јоване преподобен,
душата твоја се напои со благодат врз благодат,
трудот и воздржанието ги умртвија страстите на
човечкото тело, земен ангел постанувајќи,
Блажен си ти Јоване преподобен,
радост на големиот Григориј – твојот учител,
смирен по срце, сотрудник на Јосиф,
славејот на Духот Пресвет.
Црквата ликува денес при споменот на
МPC-OA в недела на 30 април во манастирот во Слепче ќе го канонизира за нов светител Игуменот Кипријан Слепченски, кој пострадал маченички за православната вера. За овој Игумен македонската јавност дозна по истражувањата што ги направил Виктор Недески,
Повеќето од нив се истакнале во препишувачката и преведувачката дејност оставајќи зад себе богато книжевно наследство. Така, овој манастир останува запомнет како еден од најавтентичните продолжувачи на делото на славните св. Климент и Наум. Особено, пак, процветал во времето на големата агарјанска наезда, кога паствата на архиепископијата го понеле тешкиот јарем на иноверното османлиско ропство.
Во светиот и Велики Вторник правиме спомен на параболата за десетте девојки. Зошто Господ, искачувајќи се во Ерусалим за да пострада во него, им кажува на своите ученици вакви параболи? Затоа што овие параболи, вели Он, се однесуваат и на Евреите. Всушнос, Он ја раскажува параболата за десетте девојки за да обрне внимание на милосрдието, а истовремено ги поучува сите да бидат подготвени пред крајот, бидејќи за девството Он им зборувал повеќепати, како и за евнусите.
Ете, Младоженецот доаѓа на полноќ и блажен е слугата што ќе го најде буден, а недостоен ќе биде оној што ќе го најде да дреме. Затоа пази, душо моја, сонот да не те притисне, и на смрт да не бидеш предадена, и вратите на Царството да не се затворат пред тебе, но разбуди се, викајќи: Свет, Свет, Свет си, Боже, по молитвите на Богородица, помилуј нѐ
Кипријане,
велики молитвениче,
пред Бога застапниче,
за нашите души покровителе.
Моли се, оче преподобне,
за оние кои ти приоѓаат
од тебе благодат измолуваат.
За нивно преумување,
„Господ доаѓа! Целата вселена трепери пред Него. Наближува крајот на овој материјален свет. Луѓето мислат дека тоа се приказни за мали деца и дека овој свет ќе трае вечно. Но, наскоро на ова ќе му дојде крајот! И вие ќе бидете сведоци на тоа!“