ДОМ
Птиците гнезда имаат
а лисиците дувла свои,
човекот од копнеж поттикнат
трага по домови небесни.
Радувај се светла Христова гулабице!
О Ксенио невесто на Бесмртниот,
Птиците гнезда имаат
а лисиците дувла свои,
човекот од копнеж поттикнат
трага по домови небесни.
Радувај се светла Христова гулабице!
О Ксенио невесто на Бесмртниот,
Првото слово на Господ, односно кога ја започна проповедта Своја, беше: „кајте се и верувајте во Евангелието“.1 Не рече „се покајавте“, туку рече „кајте се“, нешто коешто значи дека покајанието е за сите нас поставка за цел живот. Затоа светиот Григориј Палама во беседата за навечерието на Водици вели дека: „Покајанието е почеток, средина и крај на уредувањето на христијанскиот начин на живот“.2
Ќе сведочиме за преданискиот пат на обнова и обожение на човекот низ светите тајни, преку покајание и исповед,пост, молитва, Литургија и причест, а некој ќе дава нереална и празна рецепта: “ Застани на каменот во манастирот Свети Никита, сврти се трипати, поклони се и замисли желба, моштите на cветецот ќе ти ја исполнат“
Колку бедно и понушувачки! Манастирскиот клисар и некој/некои со него, ја узурпираат светињата, за лична корист. Бесплатно? Како да не: по “сеансата”се нудат да се купат икончиња со молитва,а луѓето фрлаат пари врз каменот
Во Грузиската Патријаршија беше организирана втора по ред округла маса на духовници и експерти, посветена на општествените опасности од сè популарните игри на среќа. Целта на средбата беше да се разработи стратегија за намалување на тешките последици од учествувањето во игри на среќа, кое ги разнебитува семејствата и самата личност. Разгледани беа мерки на претпазливост кај зависност од хазардни игри кај млади лица.
Сите ние христијани, треба да градиме вистински однос кон богатството, кој ни го заповедал Господ. Дури и апостолите, оние кои меѓу луѓето биле најблиски на Бог слушајќи ги Неговите зборови, зачудено се запрашале: кој ќе се спаси, ако тоа е неможно за богатите (види: Марко 10,26)? Зошто толку се зачудиле? Тие биле Евреи, а Евреите во тоа време богатството го сметале за Божји благослов. на него.
Овој богољубив работник на нивата Господова служеше во манастирскиот храм на Светиот Великомаченик Георгиј Победоносец во Криви Дол, Скопје, каде честопати правеше и бденија, молејќи се за илјадници души.
Беше пастир и духовник на многу духовни чеда, особено на младите, за кои секогаш имаше разбирање и татковски збор со топлина и љубов
На 04.02.2020 година, на денот кога го прославуваме споменот на светиот апостол Тимотеј, како и по повод именденот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски,...
Христијанскиот живот се гради од соединување на две волји: Божествената – вечно иста, и човечката – подложна на колебање. Бог Себе на човекот му се открива на најразлични патишта. Он не врши насилство врз човечката волја. Ако со љубов Го прифаќаме кога ни се приближува, Он често ќе ја посетува душата со кротоста и смирението Свое. Може да се случи, како што за тоа сведочи историјата на христијанската вера, Он на човекот да му се јави во велика Светлина. Душата, гледајќи Го Христос во Светлината на Неговата љубов, тежнее кон Него.
Сигурен сум дека со полагањето на камен-темелникот за изградба на овој конак на местото на стариот руиниран објект, како и со веќе започнати проекти за обнова на стариот конак и за конзервација и реставрација на фреските во манастирската црква ,Пресвета Богородица, постепено ќе се овозможат услови за непречено функционирање на манастирот, за развој на духовниот и монашкиот живот.
На 01.02.2020 година, кога црквата ги празнува Преп.Макариј Велики, св. Марко Ефески, во Лешочкиот манастир Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со надлежниот епархиски архереј на Тетовско-гостиварската епархија г. Јосиф, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф и многубројно свештенство од МПЦ-ОА,
„Го почитувам тежнеењето на науката и здравствената заштита да понудат решение за некои неодложни човекови проблеми, но не можам а да не ја забележам семантичката замена што настанува при т.н. сурогат мајчинство. Забрането во многу земји, а во Русија достапно само за богатите (би сакал да го нагласам ова), процедурата, всушност, ги искористува жените, па дури и го охрабрува продавањето на деца“, изјави Патријархот на собирот.
Значи, штo има нeвeрoјатнo вo тoа штo Слoвoтo (Синoт Бoжји)
сe јавил какo чoвeк да гo спаси чoвeштвoтo?”
Навистина и ниe ги прашувамe нeвeрницитe oд нашитe дни:
вo какoв вид виe би сакалe Бoг да сe јави, акo нe какo чoвeк?
Автентичниот човек е не само спонтан во своите постапки туку и вистински во својата вера. Верата не е идеологија со која треба да се согласиме, ниту мисла која треба да ја разбереме, ниту мнение или став што треба да го примиме. Верата не е емоција, ниту морално правило со кое треба да се сообразуваме, ниту доживување кое психолошки сме си го наложиле, ниту цел што се постигнува со човечки усилби. Верата е благодат, живот и вистина, која се предлага, открива и добива конкретен израз. Бог ја дарува верата, а таа Го открива Бога.
Во прилог на подготовките за прославата на големиот јубилеј – 1000 години од основањето на Свештениот Бигорскиот Манастир, нашиот старец и игумен, Архимандрит Партениј, со дел од братството и сестринството, оствари средба со нашиот почитуван и монахољубив надлежен владика, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Во топла и срдечна атмосфера во митрополитското седиште во Охрид,
На денот на кој Светата православна црква го чествува Светиот Атанасиј Велики, архиепископ Александриски, Митрополитот Повардарски г. Агатангел отслужи Света Божествена Литургија во храмот посветен на овој светител во Неготино, град чии жители го слават Светиот Атанасиј како свој патрон и заштитник, па затоа и масовно ја посетуваат црквата на овој ден, молитвено просејќи го застапништвото од светителот.
Свети Атанасиј живеел во IV век, во време кога Црквата со Миланскиот едикт во 313 г. ќе добие слобода за јавно исповедање на христијанството. Но, затоа ќе се јават внатрешни сотресенија, кои уште повеќе ќе ја вознемират Црквата Христова со лажните еретички учења за Синот Божји. Така, еден презвитер од Александрија по име Ариј ќе почне погрешно да проповеда за второто лице на Света Троица, а ќе добие поткрепа и од византискиот двор. Со ова учење, тој ќе нанесе големи штети на Црквата.
Кога благодатта на Светиот Дух ја најде твојата душа каква што ја сакаше – очистена од страстите, јасно го покажува во неа своето дејство, и за пресветло светило на светот, отче, те поставува.
Премудри (Атанасие), за светите ти беше како правило за светителството, а твојот живот стана образец за дејствување; твојот јасен збор – образец за созерцавање, а твоето учење се покажа како вистинско богословие.
Токму и затоа бесмислени ми се сите морализирања и „патриотизирања“, особено бесмислени, дури и неточни ми се гледаат сите анализи од перпектива на постоколонијална критика. Ако некаде може да се примени оваа концептуална рамка за објаснување, веројатно би можело да се аплицира на „Пред дождот“, затоа што тој и во својата идеја, и во својата тема, но и во нарацијата и во приказната...раскажува токму една таква приказна – „типично Балканска“, што не е случај со „Медена земја“.