Што е гревот? (19.08.2015)
Како христијани, кон што ние целиме? Одговорот на ова зависи од тоа, како Му пристапуваме на Бога. Дали како робови, слуги или деца. Да видиме што вели блажениот Теофилакт Охридски, познат толкувач на Библијата, за ова: „Има три степени помеѓу оние што се спасуваат. Првите се како робови, кои го вршат она што е добро, бидејќи се плашат од судот. Вторите приличат на најмени слуги и таквите сакаат да Му служат на Бога, заради желбата да бидат наградени со блага. Но, ако се од третиот вид,