Јована Матевска Атанасова: ФОТОГРАФИЈА
Преку „Фотографија“ сакав да пренесам една убава порака исполнета со мирисите и боите на детството, на незаборавен Пурим, сетилна разгледница од мојот роден град Битола, која некогаш била меѓукултурна клетка во која опстојувале повеќе нации и етникуми, религии, а во која Евреите биле од витално значење за негување на таквиот културен и еснафски живот.