Постои сепак случај, кога христијанинот може да се постави со вознемиреност кон она што се случува и на своевиден начин „егоистично“ но без да има вистински егоизам во душата. Кој е тој случај? Кога треба да ја заштитиме нашата вера, можеме и треба да сме покатегорични и построги, но тоа нема да биде вистински егоизам, туку наше исповедање на верата.
Божествена Литургија во храмот Рождество на Пресвета Богородица,Скопје (19 и 21.12.2018)
Само ослободени од своите помисли, идеи и желби, ќе можеме да живееме исчистени, во присуство Божјо! Послушание, значи да ја скротиме нашата сопствена, индивидуална волја. Во секојдневниот живот, тоа значи, да бидеме подготвени да се одречеме од нашите идеи, за да се ослободиме од мрачната и мизерна борба што ја водиме против страстите.