Акатист кон Пресвета Богородица во Соборниот храм во Скопје(12.04.2024)
На 12.4.2024 година, во четвртиот петок од Великиот пост, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во Архиепископскиот Соборен храм „Свети Климент Охридски“ – Скопје, зеде молитвено учество во читањето на Акатистот кон Пресвета Богородица. По читањето на истиот, следуваше благословување на Петолебието.