Посета на Амбасадорката на САД на манастирите во Велјуса и Водоча (27.09.2019 )
Амбасадорката на САД во Република Северна Македонија, Нејзината Екселенција Кејт Мари Брнз, и министерот за култура, г. Хусни Исмаили, денес, во манастирот „Пресвета Богородица Елеуса“, во Велјуса, Струмица, потпишаа договор со кој ќе се овозможи конзервација и реставрација на фреските и мозаиците во овој манастир. На свеченоста гостите ги поздрави викарниот Епископ г. Јаков Стобиски, кој изрази голема благодарност до Амбасадата на САД.