И ете зошто оние што се крштеваат ја соблекуваат својата облека. Ете зошто оголеноста е во срцето на монашкиот потстриг, како при промената на облеката така и во отсекувањето на косата. Во првите векови и монасите и монахињите биле лишувани од целата нивна коса при потстригот, во знак на голотијата на Адам и Ева пред Бога. И ете што значи да се биде монах или монахиња: да се отфрли секоја врска со светот,
Старец Емилијан Симонопетриски: Нашата задача (трет дел)
Каква треба да биде нашата работа во Рајот? Што правеле Адам и Ева? Како што вели Писмото, Господ го зеде човекот и го стави во Рајската градина за да ја одгледува и чува (Битие 2,15), со други зборови да ги заштитува и одгледува растенијата таму. Тие растенија беа како облека на Божествена убавина, творејќи еден природен свет, еден природен израз на Божјата величественост и светост. Природниот свет беше одраз на Божјото величие,