Преподобен авва Исаиј - До ава Петар, неговиот ученик
Кои работи им се својствени на децата? – Детето, ако некој го натепа, плаче, а со радосните се радува; ако го скараат, не се гневи, а ако го пофалат, не се превознесува; ако му обрнат поголемо внимание на неговото другарче, не е љубоморно; ако му земат нешто од она што му припаѓа не се лути; ако му остават помало наследство – не бара повеќе и не оди по судови; не го бара на сила своето, на никого на му завидува; ако е сиромашно, не тажи;