Митрополит Атанасиј Лимасолски: Љубовта значи жртва – (IV дел)
Потоа посегнал да ја фрли во оган и иконата од Архангелот, но помислата му велела да не го прави тоа. Долго време се борел со помислата, чудејќи се што да прави. Ќе ја подадел раката да ја фрли во огнот, но потоа ја тргал. Најпосле, нашол еден клинец и ја наместил над вратата. Вечерта застанал на молитва. Додека го извршувал своето бдение, слушнал чекори и звук на кадилница. „Што се случува?“- се прашувал тој. Ја отворил вратата и внатре влегол Архангелот со кадилница, го покадил и си тргнал.