Старец Порфириј Кавсокаливит: На сè да гледате без стрес
На сè да гледате без стрес, без секирација, без притисок, без гушење. Нема потреба да се трудите и да се гушите. Сиот ваш труд треба да биде да се насочите кон светлината, да ја стекнете светлината.
Така, наместо да ѝ се предавате на секирацијата, која што не е од Божјиот Дух, ќе му се предадете на славословењето на Бога.