логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

TviTER125

Зошто им треба молитва и помен на упокоените


Можат ли, старче, да се молат упокоените ?


               Тие се освестуваат и бараат помош, но сами на себеси не можат да си помогнат. Сите оние кои се наоѓаат во адот само заради еден престап, би сакале Христос да им подари барем пет минути за покајание.
                 Ние кои сме живи, имаме уште време за да се покаеме, но тие, сиротите починати, не можат сами на себе да си ја поправат положбата, туку очекуваат помош од нас. Затоа наша обврска е да им помагаме со нашата молитва.
Оние кои за време на животот не се покајале и кои имаат барем малку усрдност, свесни за својата вина, се каат и трпат заради своите гревови. Бараат да им се помогне и молитвите на верните им помагаат.
Бог, значи им пружа прилика, дури и сега, кога се пред Него виновни, да им се помогне сѐ додека не се случи Второто доаѓање.
И како што во овој живот, ако некој му е пријател на царот, може да посредува царот да му помогне на некој виновник, исто така ако некој е „пријател” со Бог може со молитвата да се застапува за умрените пред Бог и да ги префрли „обвинетите” од еден „затвор” во друг, подобар; од еден „притвор”, во друг, подобар. Може дури и да ги префрли во „соба”, или во „стан”.
Како што го ублажуваме страдањето на затворениците и болните со освежувачки напитоци и други работи, кои им ги носиме, исто така и на мртвите им го ублажуваме страдањето со молитвите и со правењето милостиња за нивната душа.
Молитвите на живите за оние што се упокоиле и помените се последна прилика која Бог им ја пружа за да добијат помош, додека не се случи последниот Суд. После Судот повеќе нема да има можност да им се помогне.
А дали, страче, оние што неодамна починале имаат поголема потреба за молитва?
Кога некој ќе го осудат на затвор, нели му е многу потешко во почетокот? Треба да се молиме за оние упокоени кои не Му угодиле на Бог, за Бог нешто да направи за нив. Особено кога знаеме дека некој бил тврдокорен човек и дека водел грешен живот, тогаш треба многу да се молиме, за него да се служат Божествени Литургии, четириесет последователни Литургии за неговата душа, да се дава милостиња на сиромашните за спасение на неговата душа, за Бог да го помилува.
Така, сето она што тој не го направил, го правиме ние за него. А на човекот кој поседувал добрина, дури и ако животот не му бил добар, бидејќи имал добра волја, со малку молитва може многу да му се помогне.
Кога некој ќе умре и побараат од нас да се помолиме за него, дали е добро, старче, секој ден, сѐ до четириесетиот ден, да измолиме цела бројаница за него?
Ако измолиш цела бројаница за него, моли се воедно и за сите упокоени. Зошто цела возна композиција да оди на своето одредиште со еден патник, кога може да собере и многу други? На толкуте упокоени, сироти, тоа им е неопходно и бараат помош, но немаат никој да се моли за нив! Некои луѓе често прават помени само за некој свој. А на тој начин не му помагаат ни на својот упокоен, бидејќи нивната молитва не Му е толку угодна на Бог. Бидејќи направиле толку помени за него, нека направат истовремено помен и за непознати упокоени.
Најделотворен помен
Најдобар од сите помени за упокоени е нашиот правилен живот, нашето подвизување со кое ќе ги искорениме своите мани и ќе ја очистиме својата душа. Бидејќи нашето ослободување од материјалните добра и душевните страсти како резултат има не само олеснување на нашата душа, туку и на прадедовците од целата наша фамилија. Упокоените чувствуваат радост кога некој нивен потомок Му е близок на Бог. Ако ние не сме во добра духовна состојба тогаш страдаат нашите упокоени родители, нашиот дедо, нашиот прадедо, сите генерации. Но, ако сме во добра духовна состојба, се веселат, бидејќи и тие учествувале во тоа да се родиме и ние и Бог на некој начин е обврзан да им помогне. Она што ќе им пружи радост на умрените е нашиот напор да се бориме да Му угодиме на Бог со својот живот, за да се сретнеме со нив во рајот и за да живееме сите заедно во вечниот живот. Затоа, вреди трудот да удриме на стариот човек, за да настане нов човек и повеќе да не си нанесуваме штета на самите себе, ни на другите луѓе, туку да си помагаме и на себеси и на другите, било на живите или умрените.


Старец Пајсиј Светогорец

 

фб православие.мк

 

 



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

dobrotoljubie

Духовност

Октомври 20, 2024
TviTER281

Монашки и свештенички семинар во митрополијата на Киншаса (06.09.2024 21:29)

Со Божја благодат и благослов на Неговата Светост Папата и Патријарх Александриски и на цела Африка г. Теодор II, во Митрополијата на Киншаса, во Конго, се одржаа семинари за монасите и свештениците.
Јуни 30, 2024
Avraamovo.GOSTOLJUBIE

Света Троица во Стариот Завет

„Секоја енергија која од Бога се простира на творевината и се именува со многу имиња, од Отецот излегува, низ Синот се протега, а во Духот Свет се совршува“ (Свети Григориј Ниски, „За тоа дека не смее да се говори за три Бога“). Вистината за постоењето на…

За нафората

HRISTOS.nafora
Нафората е осветен леб,кој бил принесен на жртвеникот и чија средина е извадена и…

Проскомидија

TVIT602
·Што е Проскомидија? Еретиците немаат Проскомидија. Проскомидијата е уводниот дел на…

Јован Дебарски Архиепископ Охридски (30 август/12 септември)

Сеп 13, 2021 Житија 3216
Овој свет и богоносен отец наш Јован Дебранин, Архиепископ Охридски и прв ктитор на…

Свети свештеномаченик Харалампиј

Фев 23, 2020 Житија 7704
ih3387
Секој човек со своето раѓање добива лично име по кое го препознаваат во текот на целиот…

Најново од духовност

Православен календар (2)

 

24/12/2024 - вторник

Божикен пост (пост на масло)

Преподобен Данило Столпник; Преподобен Лука Столпник; Преподобен Никон Сувиот; Светиот маченик Миракс;
Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Тропар на светиот Спиридон чудотворец 12 декември / 25 декември 2024

Спиридоне, Богоносен оче наш,на Првиот Собор ти се покажа поборник и чудотворец.Затоа, мртвата од гробот ти прозбори,и змијата во злато...

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Тропар на светиот Христов Столпник Данило преподобен 11 декември / 24 декември 2024

Смирението твое о, Данило столпнику,по молитвите на твоите родители,со заштитиништвото на великиот Симеон,пат кон небесата ти отвори,а ангелите и луѓето...

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Тропар на св. Христови маченици Мина, Ермоген и Евграф 10 декември / 23 декември 2024

Велики сте вие Мино и Ермогене,кои лично Христово присуство вовашите страдања измоливте.Благодатта преку вас не само Евграфа туку и целото...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная