„Во Ерусалимскиот храм се воведува Пресвета Дева, девојчето Марија, идната Мајка на Спасителот и на сите кои во Него веруваат! Тоа е настан многу поголем од празникот на Нејзиното рожедество. Зашто овој ден е денот на Нејзиното духовно раѓање. Сокриена под сенката на старозаветниот Храм, изникна цветот на Новиот Завет – Дева Марија,
Kога ќе ве надвисне облак на жалост, така што се чини дека нема никаков излез од таа состојба, тогаш спомнете си дека вие имате на Небесата Мајка, Царица Небесна, Која ве гледа, слуша и ги знае сите ваши душевни движења. Повикајте Ја со вера и Таа во тој миг ќе дојде кај вас и ќе ве избави од беда и неволји.
„Кога Евхаристијата и Причеста повторно ќе станат центар на христијанскиот живот, трагичните случувања и дефекти ќе бидат надминати и исцелени. Ако црковниот живот не е заснован пред се` на Христа, а тоа значи на постојано и живо заедничарење со Него, во светата Тајна на Неговата присутност - тогаш неизбежо произлегува нешто друго што се наметнува да доминира
Послушанието го доведува човекот не само до телесна, туку и до духовна бестрасност.
Ако внимателно ги читате книгите на светите Отци, ќе видите дека многу од нив лесно станале светители, нивните души станале свети, а не правеле големи напори, ниту се жртвувале, ниту се подвизувале испоснички, но како? Го избрале послушанието.
Сфативте од каде потекнува послушанието.
Некогаш, во времиња не толку дамнешни, но како што некогаш се вели, со илјадалетија оддалечени од нас, животот се мерел, како прво, преку духовните, религиозните празници. О, се разбира, далеку од тоа сите точно да ја знаеле нивната содржина, но сите оделе во Црква, за многумина, можеби дури и за повеќето од нив, празникот, пред се, бил можност да се наспијат, да се најдат, да се напијат, да се одморат.
Литургиската символика ни покажува дека врз Богородица се исполниле сите претскажувања на пророците и дека таа со своето влегување во ерусалимската Светиња на Светињите осветила сѐ, облагодатувајќи и обожувајќи ја паднатата природа на земните. Нејзиниот живот во храмот, живот во молитва и подвиг на трудољубие, го исполнил со благодат нејзиниот дух, кој сѐ повеќе и повеќе растел
✜✣✜
Тропар, глас 4.
Денес е почеток на милоста Божја, и навестување на човековото спасение. Во храмот Божји Дева јасно се покажува, и Христа на сите им Го предвестува; нејзе и ние гласно да ѝ запееме: Радувај се, исполнување на промислата на Творецот.
Така некои отци на Црквата и светиот Теофан го толкуваат ова влегување на Мајката Божја во храмот, во Светињата на светиите. Недопрена од гревот, неизвалкана од ништо, но веќе способна со чисто срце, со неосквернето тело, непомрачен ум да одговори на светоста, на славата, на чудесноста Божја, тригодишното девојче се
Кондак 1
Избрана од предвечниот Цар Богоотроковице Марие, на Ангелите и луѓето Царице, која си пристапила тогаш во храмот Господов во Светињата на Светиите, за девствено вневестување со својот Женик Небесен воспитувајќи се во Божјото Живеалиште, достојно поклонение усрдно Тебе Ти принесуваме. Ти пак, како многумоќна Застапничка наша, од сите беди и жалости ослободи нe', со љубов и умиление Тебе да Ти повикуваме:
Пред храмот имаше петнаесет скалила. Родителите Ја кренаа Дева на првото скалило, а Таа тогаш сама брзо се искачи на врвот, кај што Ја дочека првосвештеникот Захарија, таткото на Св. Јован Предвесник. Кога првосвештеникот Ја зеде за рака, Ја воведе не само во храмот туку и во Светињата на светињите, каде што никој никогаш не влегуваше,..
Значи ова покажува дека молитвата не е најголемото добро дело, туку љубовта. Но сепак, зошто светите Отци рекле дека молитвата е мајка на сите добри дела? Затоа што таа ја донесува љубовта во нашата душа. Љубовта кон Бог и љубовта кон ближните не доаѓа во нашата душа преку друг пат, туку само благодарение на молитвата!
Ако дрвото се познава по плодот, и ако секое добро дрво, раѓа добар плод, како тогаш Мајката на самата добрина и Родителката на вечната убавина, да не ги надмине со својата неспоредлива убавина и добрина сите земни и надземни добра?
Претсказанието на Ангелот
„Ќе биде големо невреме.
Коработ ќе пристигне
во еден мирен залив, на Атос
не толку далеку од Ефес.
Ќе ги видиш светилиштата на Стариот свет
ама не тревожи се, кој не го знае Единиот
во секакви идоли верува.
За свети Јосиф Исихаст се вели дека во еден период бил совладан од тага. Тој побарал да биде одведен кај еден монах пустиник во една испосница за малку да се насмее.
„Ако успееш да поттикнеш друга личност да се насмее, ѓаволот и злото ќе пукнат“. Смеата е нематеријална добрина ( милост )....
Кога Го имаме Христос во нас, може ли да дојде антихристот?“ Може ли нешто спротивно на ова да влезе во нашите души? Поради таа причина, дете мое, ние денес Го немаме Христос во нас, затоа што се грижиме за антихристот.
Кога е Христос во нас, сè станува Рај. Христос е сè, дете мое, и не треба да се плашиме од противникот,
Еднаш, некој му подарил на Старец Порфириј многу див папагал.
Старецот многу се израдувал на овој неочекуван подарок. Но, папагалот бил толку див што не можело ни да му пријдеш. Кога ќе се приближеше некој веднаш пробуваше да го касне со клунот.
Така, старецот решил да го смири.
Ракот најмногу се јавува кај очајни души, кај луѓе во кои има немир - напатени од разни случувања и оптоварени со грижи.
Ако некој се разболи и ќе му кажат дека е рак, целосно нека предаде се' на Божјата љубов. Смирете се, бидете мирни, сакајте го светот, сакајте сè.
После своето крштевање царот Авенир целата своја царска власт му ја предаде на својот син Јоасаф, а самиот живееше осаменич ки во молитвено тихување и секогаш ја посипуваше главата своја со пепел, ридаше поради поранешните гревови свои. И тој помина четири години во такво смирение и покајание; и добивајќи од Бога проштевање на гревовите,
Сите зборови на Варлаам Јоасаф ги сложуваше во срцето свое како бесценети камења во ризница; и сето тоа го исполни неговото битие со таква сладост и тој толку го засака Варлам што посака да не се одвојува од него и секогаш да го слуша неговото учење. А Јоасаф