Поука на денот (26.07.2015)

Оној што наредува е одговорен, така што тој ќе дава отчет за својата наредба. Ти пак, ќе дадеш одговор за твоето непослушание. Не е послушание само да ја извршиш оваа или онаа заповед, како што ќе ти биде наредено, а интимно да противречиш. Послушание е да го потчиниш разумот, начинот на размислување на твојата душа за да се ослободиш од стариот човек.





















Научниците од археолошкиот институт РАН при ископувањата во Георгиевскиот соборен храм во Новгород, ја пронајдоа загубената во почетокот на XX век гробница на Св. Теоктист, којшто ја вршеше должноста Архиепископ Новгородски во почетокот на XIV век. Во гробницата беа пронајдени златоткани покривки и моштите на светиот, кои биле пренесени во Георгиевскиот соборен храм некаде во XVIII век, соопштува прес службата на археолошкиот институт.


























