„Мнoгу и прeмнoгу мoжe сeкoј вeрник да сe пoучи oд живoтoт на Дeва Бoгoрoдица“
Венко Андоновски е автор на драмскиот текст „Изрешетени души“, според кој годинава ќе се изведе традиционалниот сценско-театарски спектакл „Големиот школски час“ во Србија. Станува збор за државна манифестација посветена на стреланите 3.500 работници и ученици во Крагуевац на 21 октомври 1941 година. Драмскиот текст ќе биде печатен на српски јазик, како дел од повеќетомната едиција „Голем школски час“, заедно со другите автори што пишувале на оваа тема.
Празниот човек ништо ДРУГО и РАЗЛИЧНО од него не го исполнува, зашто страда од нарцизам. Полн со себе, тој не може да им направи место на другите вредности што му поминуваат пред очи и затоа има чувство дека неправедно му бегаат, дека е лишен од богатството на животот. А секое чувство на лишеност од полнотијата на битието е острастеност. Таквата острастеност кај празниот човек најчесто се јавува како завист, злорадост, одмаздољубивост, претерано стомакоугодие и среброљубие.
Никој не може сам да оди по патот на спасението ако одбива да биде воден од невидливата рака на Спасителот, Кој дејствува преку Неговите видливи слуги, свештенослужителите на Црквата. Оти, во Светото Писмо се вели: „Кој ве прима вас, Ме прима Мене; а кој Ме прима Мене, Го прима оној што Ме пратил“ (Матеј 10, 40). Следствено, не можете да одите по патот на Светиот Дух без раководство на свештеник. Разнообразноста на искушенијата, лукавството на невидливиот ѓавол, кој се бори преку видливи луѓе, може во кое било време да ги застрани Божјите ученици од патот на спасението и да ги одведе во пропаст...
Токму тој конинуитет на овој христијански идентитет кој е спознаен и пренесен од Светите Отци во три степени според начинот на животот во Христа, очистување, просветлување и обожение се поврзува со апостолската мисија на свети Павле, кој иако се движи во времето и на просторот сепак донесува наизглаголиви тајни од третото небо, како што сведочи самиот, проповедајќи ја благодатта Божја, непрестајната молитва, возглавувањето на евхаристиските собранија со помесните Цркви
Веќе две илјади години, од Тајната Вечера (Мат. 26, 26–28; Марко, 14, 22–24; Лука, 22, 19–20; 1 Кор. 11, 23–26) до денес, христијаните се причестуваат на ист начин – од еден Леб и од една Чаша, како што стои во текстот на Литургијата на свети Василиј Велики. Токму на овој факт се темели единството и единственоста на Црквата. Црквата не е установа, која претходно постоела на основа на догматски и на други премиси, па потоа дополнително одлучила дека е потребно и полезно да служи Света Евхаристија.
Кога цел на молитвата (се мисли на молитвата во која постојано го повикуваме името на Богочовекот Исус Христос) е Бог, односно заедницата на секој човек и на сè создадено во Бог, тогаш молитвата, проземена од Духот, се кажува во покајание; и го чисти, го отвора и духовно го проширува нашето срце.
„Гневот никогаш не ја пази праведната мера, туку секогаш зема повеќе од мерата. За што, и апостолот Јаков напишал: „човечкиот гнев не ја извршува Божјата правда“(сп. Јак. 1, 20)… Бог ја зема одмаздата врз Себе. Не се мешајте во ова дело, како да вели Тој, Јас Самиот ќе му вратам, тоа е Моја работа. Вие нема да знаете да го направите тоа како што треба. Според вас, сега треба да се возврати, а најдобро – е да се одложи одмаздата, или за некое време, или засекогаш. Некогаш може да се помине и без никаква одмазда: оној кој ве навредил самиот ќе се освести и ќе ја исправи својата неправда; а тоа е многу подобро“.
Никакви светски катаклизми и социјални немири, војни и епидемии не се дораснати пред претсмртната дијагноза: љубовта ќе осиромаши… Луѓето ќе се отуѓат, дури и од најблиските; ќе станат странци еден на друг. Братот ќе го предаде барата си, пријателот ќе го предаде својот пријател, власта – својот народ, народот – своите пратеници, секој секого, бидејќи љубовта ќе ја нема…
Да живееме во постојан страв да не се заразиме со вирусот не може да биде причина за нашето суштествување и егзистенција. Науката ни помага, но не може да нè направи среќни. Може да ми даде здравје, но не и радост. Да се зголеми животниот век, но не и да ја победи смртта. Може да ме направи здрав, но не и човек. Медицината не може да ги реши сите наши проблеми или да постави нови вредности за животот. Науката не може да стане новата религија на светот што слепо и непромислено ќе ја слушаме.
На 29.08.2020 на празникот Св. Јоаким Осоговски во Крива Паланка, Митрополитите Брегалнички г. Иларион, Кумановско-осоговски г. Григориј и г. Јосиф богослужеа Света Литургија.
На празникот Успение на Пресвета Богородица во Лешочкиот манастир, света литургија чиноначалствуваше митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение на надлежниот епархиски архереј на Тетовско-гостиварската епархија, г. Јосиф.
Своја празнична беседа произнесе митрополитот г. Пимен, говорејќи за денешниот празник. На литургијата, верниот народ, кој со пост, молитва и исповед се
Секое прашање си има и свое место, и свое време, и свој субјект за одговор. Или, не секое прашање се одговара кога било, каде било и кому било.
Некои прашања прво се одговараат во пракса, на дело, а потоа и теоретски или со збор. Некои, пак, никогаш не се одговараат. За сѐ треба расудување.
Има едно прашање за кое, кај нас, не баш докрај се изведоа сите заклучоци. Сега ќе изведеме уште некои, доволни за понатаму...
Со Божја помош, стигнале до она место каде што беше ја оставил својата мртва жена со живото дете. Кога дошле до пештерата, го нашле детето како цица од мртвата мајка, која била цела и нераспадната. Многу се зачудил и со солзи се обратил кон Бога: „Боже! Ти се можеш. Голем е овој дар што Си го хранел детето со млеко од мртва мајка; верувам дека можеш и мртвата да ја воскреснеш, па да ми бидат две радости, а да се исполни и она што Твојот апостол Петар ми претскажа. Многумилостив Господе, чуј го Твојот недостоен слуга, Твојата пречиста Мајка и Твојата слугинка Марија што ме
Многу од неверните жители на Ерусалим кога го слушнале необичното пеење и гледајќи ја торжествената поворка, побрзале да ги известат за тоа првосвештениците и старешините; сите тие пламнале од гнев и завист кога виделе какви почести и се даваат на Мајката на распнатиот од нив Исус. Јудејските началници, веднаш собрале војска и го поучиле народот да ги нападнат христијаните со оружје, сите да ги разгонат, апостолите да ги убијат, а телото на Богородица да го запалат;