Блажениот јуродив Николај Псковски: Не јадеш месо, а?
Тогаш се појавил пред царот блажениот Николај во долга селска кошула, опашан со врвка, скокајќи на стап, како дете, и извикал: „Иванушка, Иванушка, јади леб и сол, а не човечка крв!“ Војниците се стрчале по него, но тој им избегал и се скрил. Кога дознал кој е блажениот, и со што се занимава, царот отишол во неговата тесна ќелија. Тоа било во првата седмица од Великиот пост.