Псалм 142
:Покажи ми го, Господи, патот по κој да одам, зашто κон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
Ти се воплоти во пештера тајно, но небото Те објави на сите, Спасителу, како уста употребувајќи ја sвездата, и таа Ти ги приведе мудреците кои со вера Ти се поклонија. Со нив и нас помилуј не. А кога се наврши времето, Бог Го испрати Синот Свој Единороден (Гал. 4, 4) за да се спаси човечкиот род. И кога се исполнија девет месеци од благовеста којашто архангелот Гавриил Ѝ ја јави на Пресветата Дева во Назарет велејќи: „Радувај се, благодатна..., еве ќе родиш и ќе зачнеш син“ - во тоа време излезе заповед од кесарот Август да се попише сиот народ во римското царство. Повеќе... |
:Покажи ми го, Господи, патот по κој да одам, зашто κон Тебе ја вознесувам душата своја. Избави ме, Господи, од моите непријатели, зашто при Тебе прибегнав.
„Денес е почетокот на нашето спасение и објавувањето на тајната од вековите...“„Празникот Благовештение е воедно и Господов и Богородичен. Господов бидејќи се однесува на Христа Господа, Којшто беше зачнат во утробата на Богородица, а Богородичен бидејќи се однесува на онаа личност којашто придонесе во зачнувањето и вочовечувањето на Бога Словото“.
На ден 07.04.2017 година, на празникот Благовештение, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во Соборниот храм „ свети Кирил и Методиј“ во Тетово, отслужи вечерна со Златоустова литургија во сослужение со свештеници од Тетовското намесништво. Пред литургијата Митрополитот благоизволи да го ракопроизведе, благочестивиот христијанин Бобан Трпковски од с. Теарце, за чтец.
На епархиското собрание на Австралиско – сиднејската епархија, одржано на 11. 01. 2017 во Мелбурн се донесе одлика да се формира „Епархиски Просветен Одбор“ (ЕЦПО), кој ќе се грижи за просветата и издавачката дејност во Епархијата. Идејата потекна од насушната потреба на нашиот народ за духовно пресветлување и познавање со нашата вера.
ирмос:Каменот, Кого Го отфрлија ѕидарите, глава од аголот постана. Тој е камен, врз Кого Христос Црквата ја утврди, од нежнабожците искупувајќи ја.
Чудо надумно и преславно: Создателот на сѐ, не од незнаење, а како да незнае прашуваше: каде лежи оној, кого го оплакувате? Каде е погребен Лазар, кого наскоро од мртвите вам ќе ви го воскреснам?
Во секој период од историјата, кој е различен од претходниот, Бог повикува соодветни учители, проповедници, светители, кои живеат во тој конкретен период, го знаат духот на времето, го знаат товарот на народот, и токму таквите, како запалени светилници, како ѕвезди водилки, му даваат насока на народот, како во тоа време да Го најде и следи Христа, како да верува, и покрај сите модерни противречности.
Апсолутната вредност, - познанието на Бога, не зависи од нас самите. Тоа се среќава низ огледалото во загатка, во немирниот вртлог на поетските и философските символи. Нам ни требаат – не – срамежливи насмевки на мудроста, туку – СЀ ИЛИ НИШТО! Да Го допреме Бога со рака, - ако е тоа можно, мислам дека е остварливо само преку душата на другиот,
Веруваме дека заради молитвите на таквите подвижници издржала Русија и бил спасен Петербург. На студ и во жега, на ветар и на дожд – старецот упорно барал да му помогнат да отиде до каменот; без оглед на своите многу болести тој го продоложувал недостижниот 1000-дневен подвиг. Така, од ден на ден,..
Познанието и делото коишто ни се суштински потребни, заради кои единствено и ни е даруван нашиот земен живот – познанието на Бога и помирувањето со Него, при посредство на Искупителот – ние потполно ги презираме. ,,Покајте се!”
На 30 март 2017 година, кога Македонската православна црква- Охридска архиепископија молитвено го прославува споменот на свети Алексеј човек Божји, отец Димче Азески отслужи сеноќно бдение во храмот Успение на Пресвета Богородица –Каменско, во Охрид.
,Една работа е да се биде воздржлив, а друга е да се биде чист, да се постигне спокојна состојба на целомудрена непорочност и девствена невиност. Ваквата добродетел им се припишува само на девствениците и на девственичките по душа и по тело, за какви се сметаа, на пример, во Новиот завет свети Јован Крстител и свети евангелист Јован Богослов, а во Стариот – светите пророци Илија, Јеремија и Даниил.
Кога стигна пред Црквата тоа утро, тој забележа полу гол човек кој седеше на скалите и се тресеше од јака треска.
“Помогни ми“, тој му рече. “Се змрзнав до смрт“
Без двоумење Танасис ја соблече овчјата кожа која бече на неговиот грб и со неа го завитка непознатиот човек
Пази се внимателно и пази се како од страшна смрт, од загуба на твојата душа и од вечните маки. Пази се да не ја презреш својата душа и да се предадеш на гордост и славољубие: да посакуваш слава и чест, или пофалби од луѓето или да мислиш за себе си дека си нешто, дека си направил некоја голема добродетел, дека си подобар од другите. Пази се од срамна похот и бори се против најмалата телесна сласт. Одбегнувај да се запознаваш со
Сите изложени изданија на саемот ќе бидат со репрезентативни цени (намалени) во однос на редовните продажни цени на книгите. Покрај книгите, на штандот на Повардарската епархија ќе бидат изложени и бесплатни примероци од списанието на Повардарската епархија „Православна светлина“, како и примероци од илустрираната едиција „Библиски настани“,
За среброљубието
Оној кој го вкусил небесното, лесно го презира земното. А кој не го вкусил небесното, се радува на стекнувањето на земни богатства. Среброљубието е и се нарекува корен на сите зла. Тоа доведува до омраза, кражба и завист, до раздвојување и непријателства, до судири и злопамтења, до суровост и убиства.
За лагата
Со векови наназад иконата на Пресвета Богородица Одигитриа (Патеводителка) можеше да се најде на главниот столб во соборната црква во манастирот Ватопед на Света Гора. Во 1730 оваа икона исчезнала од Ватопедн и монасите ја пронашле на друго место на Света Гора. Тие ја нашле во манастирот Ксенофонт.
Ве известуваме дека во Петата недела на Чесниот Пост, во Неделата на Св. Јован Лествичник, на 29 март 2017 лето Господово, во Охрид ќе се одржи сеноќно бдение во храмот Успение на Пресвета Богородица- Каменско, кое ќе започне во 22,30 ч.
На 31 март 2017 година (петок) со почеток во 22 часот, во навечерието на т.н. Акатистна сабота, во храмот на света Троица во Куманово ќе се служи сеноќно бдение во чест на Пресветата и Славна Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија.
Еве каков беше тој. На отчитка (егзорцизам,молебен за истерување на зли духови) ги благословуваше само оние, кои испуштаа крици на квичење и мјаукање кај Чашата, не можејќи да се причестат. Не ги одобруваше новите икони, со сомнителност се однесуваше кон старците и пророштвата за последните денови. Не веруваше во исцелителната моќ на млекото и месото за време на постот, проповедувајќи медицина дури и во случај на горушица.
На 24-ти март 2017 година, петокот од третата седмица од Великиот Пост, отец Емил Петровски во сослужение на ѓаконот Игор настески во храмот на св. вмч. Георгиј, во скопската населба Кисела вода, отслужи Утрена богослужба со великопосни часови и н Литургијата на Претходноосветени Дарови.Верниот нрод се причестисо Светите Христови Тајни.