ВЕЛИКА ИЛИ СТРАСНА СЕДМИЦА - ВЕЛИКА САБОТА (04.05.2024)
Икос: Оној што држи сѐ, на крст се вознесе, и сета твар плаче, гледајќи Го како виси на дрвото; сонцето зраците свои ги скри, ѕвездите ја загубија светлината, а земјата со голем страв се затресе, и морето побегна, и камењата се распаднаа, многу гробови се отворија, и тела на свети луѓе станаа; адот долу стенка, а Јудеите се советуваат да го затајат Христовото воскресение;