Кога ќе го допреме дното...

Реалноста на мојот живот е дека ќе паѓам, ќе грешам, ќе тагувам, ќе бидам повреден, пак ќе станам, пак ќе паднам и сето тоа се вика живот. Бидејќи да се биде во светот е многу тешка авантура која често е многу болна. Реалноста е навистина толку маргинална ако го нема Христос во неа. Животот без Христос и без можност да се надеваме на Христовото воскресение е живот полн со болка,














Ете, св. Марија Египетска ни покажа каков е клучот од заклучените врати, како да го најдеме, како да ги отклучиме, та најпосле да влеземе. Појдете по тој пат сите вие кои имате потреба. А кому не му е потребно тоа? Значи, да појдеме сите. Никој нека не одбива, никој да не заостанува зад другите, никој да не губи надеж. Домаќинот ги повикува сите и сите ги чека. Да појдеме, еден со друг да се поттикнуваме и еден со друг да се бодриме.

Не можам само да разберам како земјата тогаш ме носеше, и како за време на пловењето морето не ме голтна мене, којашто ги вовлеков во смртниот грев толкуте луѓе! И мислам дека Бог го чекаше моето покајание. Го чекаше со долготрпение, како татко кој љуби не сакајќи ја смртта на грешникот.Конечно, стигнавме во Ерусалим. Останаа неколку дена до празникот.




Следствено, покајанието е една промена на душевните сили на човекот, кој е поттикнат од љубовта. И затоа ги следи особеностите на љубовта на секого од нас. Значи, ако сакаме да одговориме на прашањето зошто не се каеме доволно, ако го чувствуваме тоа (секој ќе го констатира), можеби следниот чекор е да кажеме дека веројатно не Го љубиме доволно Бога и луѓето.

























