На 2.4.2023 година, петтата недела од Великиот пост, посветена на св. Марија Египетска, а воедно и ден кога Црквата ги прославува и св. мч-ка Фотина и преп. мч. Јован Палестински, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан богослужеше на Светата Василиева Литургија во храмот „Св. вмч. Георгиј“ во Чаир.
На Литургијата во јеромонашки чин беше ракоположен јероѓаконот Игнатиј, а во ѓаконски чин беше ракоположен ипоѓаконот Александар Божиноски. По Литургијата се одржа свечена Духовна академија.
http://mpc-spe.mk/arhiepiskop/aktivnosti/petta-nedela-od-velikiot-post-2023/