И што значи духовниот живот? Тоа е животот кој е облагодатен од Светиот Дух. Односно, извини, Светиот Дух го облагодатува твојот живот само но ретки моменти? Ти си го поделил твојот живот? Си го разделил животот на делови? И велиш: овој дел Му припаѓа на Бога, овој на работата, овој на јадењето, овој на домот, овој на чистењето.
Една кратка историја зошто треба да читаме молитва пред јадење
Порано сѐ се правеше со молитва на устата: ораа – се мола, сееја – се молеа, ја збираа реколтата – се молеа. Денес, ние не знаеме какви луѓе го приготвиле тоа што го јадеме. Многу често храната се подготвува со богохулни зборови, пцуејќи, колнејќи… Затоа, пред да јадеме треба со особено внимание да се помолиме.
Навистина, кога постапуваме така во молитва, и благодарност, на трпезата присуствуваат со нас и ангелите, а каде се ангелите таму се сите светии.