Св. Паисиј Величковски: Духовни поуки
Светите Отци укажуваат на различните степени на нашата мисловна борба, пропратена или со нашата победа, или со нашиот пораз. Пред сè, тие укажуваат на претставениот предмет – предлог, а потоа негово примање – одобрување, потоа негово прифаќање – согласност, потоа – поробување од него, и на крајот – страст.