За првпат во историјата, моштите на Св. Николај ќе го напуштат градот Бари
На 21 мај во Москва ќе пристигнат мошти на Св. Николај Чудотворец за поклонение на верните. Моштите ќе бидат донесени од страна на претставници на Римокатоличката црква. Овие мошти, кои за првпат во историјата ќе го напуштат градот Бари, ќе бидат доставени во Русија со специјален авион. Моштите ќе бидат сместени во храмот на Христос Спасителот.