Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос (23.07.2021)
Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Ерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во Него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против Христос.