Во понеделник на Светлата седмица на Атон, Празник на иконата „Сладок бакнеж’’
Иконата „Сладок бакнеж’’ (грчки Гликофилуса) се прослави во времето на грчкиот император- иконоборец Теофил (829-842). Еден од блиските на императорот, Симеон, го поддржа својот господар во омразата кон иконите. Тогаш неговата сопруга Викторија, во тајност ги почитуваше иконите и имаше кај себе во внатрешните одаи икона на Богородица, на која и` се поклонуваше.