Митрополит Тетовско - гостиварски Јосиф: „Нека дојдат младите да ја љубат Црквата“ (16.07.2017)
Слободата значи одговорност. Одговорната слобода поставува ограничувања на задоволувањето на желбите заради слободата на другиот. Вистинската христијанска слобода не се здобива со општествени бунтови, туку со стекнување на внатрешна слобода од гревот, кој има егзистенцијални последици.