Политичари намернo со грешни статуси на „Фејсбук“ го најавија електронскиот „Правопис“
Онлајн-правописот го сработи тим од 48 научници од Институтот за македонски јазик, го издаде НУБ, а е финансиран од Министерството за култура.Правописот на македонски јазик од денеска е достапен и во електронска форма. Изданието што го сработи Институтот за македонски јазик „Крсте Петков Мисирков“ , го издаде Националната и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“, а во соработка со Министерството за култура и издавачот „Култура“ од Скопје.