логоFacebook  Twitter  YouTube  eMail

Кожувчанка

 

Скопје, 5-ти април 2018 год.- храм на св.Петка

 

Во светиот и Велик Четврток, како што ни пропишаа светите отци, според Преданието што го примија од божествените апостоли и од светите Евангелија, ги празнуваме овие четири настани: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино.

На 05.04.2018 година, во Четвртокот од Страсната седмица, отец Благоја Ацевски во сослужение на ѓаконот Мартин Ѓуревски отслужи Света Василиева Литургија во храмот на св.Петка во скопската населба Црниче.На Литургијата,бројниот верен народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата, старешината на храмот отец Томе Велјановски заедно со свештенството  ја отслужи Светата Тајна Елеосвештение.

 

Вистинската Мудрост Божја, тајно водејќи ги пријателите Свои, им подготвува душехранлива трпеза и за верните ја полни чашата на бесмртноста. Да пристапиме набожно и да повикаме: Христос, нашиот Бог славно се прослави.   
(Тропар од канонот на Велики Четврток)

 

 

05/23 – ВЕЛИКИ ЧЕТВРТОК - Во 07,00ч. Утринска, часoви, изобразителна, вечерна / во 09.45/ Литургија /Василиева /; потоа велико елеосветување. 

 

Евангелие на денот: Свето евангелие според светиот апостол Матеј 26:6-16

6.     А кога беше Исус во Витанија, во куќата на Симона Прокажениот,
7.     се приближи до Него една жена, која носеше шише со скапоцено миро, и го изли врз главата Негова, кога Он седеше на трпезата.
8.     И штом го видоа тоа учениците Негови, се расрдија и рекоа: „Какво е тоа растурање?
9.     Оти тоа миро можеше да се продаде многу скапо и парите да се разделат на сиромаси.”
10.     Но Исус, разбирајќи го тоа, им рече: „Зошто ја буните жената? Таа направи добро дело за Мене;
11.     оти сиромасите ги имате секогаш покрај себе, а Мене Ме немате секогаш;
12.     таа, изливајќи го тоа миро врз телото Мое, Ме приготви за погребение.
13.     Вистина, ви велам: каде и да биде проповедано ова Евангелие по цел свет ќе се прикажува за нејзин спомен и тоа што го направи таа.”
14.     Тогаш еден од дванаесетте, по име Јуда Искариот, отиде при првосвештениците
15.     и рече: „Што ќе ми дадете, па да ви Го предадам?” А тие му предложија триесет сребреници.
16.     И оттогаш тој бараше погодно време да Го предаде.

Поука на денот: Свети Максим Исповедник
Оној кој Го љуби Христа секако и Го подражава според своите сили. Значи, Христос не престана да им чини добро на луѓето и кога изостана нивната благодарност, и кога Го навредуваа беше долготрпелив. И кога Го биеја, и кога Го убија претрпе, никому не мислејќи му зло. Тие три нешта се делата на љубовта кон ближниот, без кои оној што вели дека Го љуби Христа или се надева дека ќе го наследи Неговото Царство, се мами. Зашто Господ рече ’Не секој што Ми вели Господи, Господи, ќе влезе во Царството небесно, но оној што ја твори волјата на Мојот Отец (Мат. 7, 21) и повторно: ’Кој Ме љуби ќе ги држи заповедите Мои’ (Јован 14, 15) и останатото.

 

 


СИНАКСАР
Бидејќи еврејската Пасха требаше да биде жртвувана во петокот, беше погодно вистината да биде во согласност со сликата, односно во истиот ден да биде жртвуван и Христос, нашата Пасха. Поради предвидување, како што велат божествените отци, Господ наш Исус Христос ја извршува во четврток навечер, бидејќи таа вечер и целиот ден од петокот Евреите го сметаат за еден ден и го именуваат ноќеденство – никтимерон (од едно заоѓање на сонцето до другото заоѓање). Тоа е причината поради која Он, со Своите ученици, ја изврши тогаш Пасхата според Законот, како што велат некои, меѓу кои и божествениот Златоуст.

Прво, стоејќи простум и препашани, обуени во сандали, со стап в рака, запазувајќи ги и сите други прописи на законот, за да не се остави впечаток дека го прекршуваат. Оваа Пасха ја подготви Зеведеј, зашто стомната со вода ја носеше тој, како што вели Великиот Атанасиј, иако некои други за ова зборуваат поинаку. Потоа, откривајќи им на своите ученици едно посовршено славење, Господ ја востановува тајната на нашата Пасха, во горната одаја, кога ноќта веќе беше настапила, зашто е речено: „Кога настапи вечерта, Он седна на трпезата со дванаесетте.” Видете, Ова не беше Пасхата на Законот, бидејќи се седнува на трпеза приготвена од леб и вино, додека порано била со печено месо и со бесквасен леб.

Пред почетокот на вечерата (вака зборува божествениот Златоуст), Он станува од трпезата, ја остава Својата горна облека и става вода во леген, Самиот правејќи сè, за да го посрами Јуда, но и за да ги потсети другите апостоли да не бараат старешинство, како што тоа го покажува по миењето на нозете, велејќи: „Кој сака да биде прв, нека биде последен”, давајќи се Себеси за пример. Се чини дека Христос најнапред му ги измил нозете на Јуда, кој без срам беше го зазел првото место. На крајот доаѓа до Петар. Но овој, бидејќи најревносен од сите, Му забранува, но на крајот пак Му дозволува да му ги измие нозете. Откако им ги изми нозете и покажа колку високо можеме да се издигнеме преку смирението, ги зеде повторно Својата облека и Своето место на трпезата, ги поучи да се сакаат еден друг, но да не бараат старешинство.

И додека јадеа им го навести предавството. Бидејќи тие се вознемирија поради тоа, Исус му рече само на Јована, тајно: „На оној што ќе му дадам едно парче леб, откако ќе го натопам, тој е оној што ќе ме предаде.” Ако Петар знаеше на кого се однесуваат овие зборови, тој ќе го убиеше Јуда, бидејќи беше најревносен од сите. Или пак: „Оној што ќе ја стави раката своја во чинијата…”, бидејќи се среќава и едното и другото. По малку време, зеде леб и рече: „Земете, јадете”, а слично и со чашата: „Пијте од неа сите, ова е крвта Моја на Новиот завет…ова правете го во мој спомен.” Ова правејќи го, и Он јадеше и пиеше со нив. Забележете добро, дека лебот (квасен) го именува Свое тело, а не бесквасниот леб (азим). Нека се засрамат оние што принесуват бесквасни лебови за бескрвната жртва.

По лебот, сатаната влезе во Јуда; ако порано само го искушуваше, сега конечно се всели во него. Кога излезе, тој се договори со првосвештениците да им го предаде за триесет сребреника.

По вечерата, учениците отидоа на Маслиновата Гора, во една градина, наречена Гетсиманија. По некое време, Исус им рече: „Оваа ноќ сите вие ќе се соблазните поради Мене.” Петар му рече: „Макар и сите да се одречат од Тебе, јас нема да го сторам тоа.” А беше доцна, односно длабока ноќ. Исус повторно му рече: „Пред да запее петелот двапати, ти ќе се откажеш од Мене трипати.” Така и се случи. Од ова Петар го обзеде голем страв. На овој начин Бог му ја покажа слабоста на неговата природа, но истовремено, бидејќи сакаше да му ја довери сета вселена, Он сака да му даде на знаење дека целиот свет има иста природа, и дека тој (Петар) треба да се покаже милостив кон грешниците.

Впрочем, тројното Петрово одречување ги претставува гревовите на сите луѓе против Бога. Пред сè, заповедта што ја прекрши Адам; потоа прекршувањето на Пишаниот закон; на трето место, прекршувањето на заповедите на воплотеното Слово. Но, Спасителот го исцели со тројното покајание. Затоа Он му рече трипати: „Петре, ме љубиш ли?” Потоа им рече на учениците (покажувајќи им ја Својата човечка природа, бидејќи смртта е страшна за сите): „Душата моја смртно е нажалена.” Потоа се оддалечи малку, колку што со камен може да се дофрли, се помоли трипати и рече: „Оче Мој, ако е можно да Ме одмине оваа чаша, да не ја пијам, но нека биде волјата Твоја.” И пак: „Оче, ако е можно, нека Ме одмине оваа чаша!” Од една страна, Он го вели ова како човек, но од друга страна Он вешто го отстранува ѓаволот со цел, овој последниов, мислејќи дека има работа со човек кој се плаши од смртта, да не прави пречки на тајната на Крстот.

Кога се врати при учениците и ги најде заспани, му се обрати на Петра и му рече: „Зар не можевте ниту еден час да бдеете со Мене?” А тоа значи: „Ти, кој велеше дека и до смрт ќе се бориш за Мене, еве, и ти спиеш како и другите!”

А кога мина на другата страна од потокот Кедрон, каде што имаше градина, таму остана со учениците Свои, бидејќи имаше обичај да оди таму често. Затоа и Јуда го знаеше тоа место. Откао зеде неколку војници, со народот што го следеше, тој се доближи до Исуса и Му даде целив. Овој целив беше договорениот знак, бидејќи Он требаше да биде фатен повеќе пати, но си заминуваше, без да биде забележан. Но овојпат самиот Исус излезе пред нив и им рече: „Кого барате?”, бидејќи тие се уште не Го познаваа. Сепак, мракот не беше целосен, затоа што тие имаа светилки и факели запалени. Исплашени, тие се повлекоа и паднаа на земја. Кога Јуда го направи она за што се беа договориле, Исус му рече: „Пријателу, направи го тоа за кое си дојден”, односно: „Ова е моментот да го направиш она за кое си дојден”. И пак им рече: „Зар како на разбојник излеговте со ножеви и стапови да Ме фатите?” А дошле ноќе за да не настане бунт кај народот. Тогаш ревносниот Петар извлече нож, зашто за ова беа подготвени уште од вечерта, и му го отсече десното уво на еден од слугите на првосвештеникот, по име Малх. Но, знаејќи дека првосвештениците велеа за Него како тој не го слушал Законот, а поучувал, Исус го укори Петра, бидејќи не е добро за ученик на еден духовен човек да се служи со нож. И Он го исцели Малха.

Кога, пак, Го фатија Исуса, врзан Го приведоа во дворот на првосвештеникот Ана, кој му беше тест на Кајафа, зашто таму беа собрани сите – фарисеи и книжници, кои извикуваа против Христа. Таму и слугинката му се нафрли на Петра и тој се одрече од Христа; кога мина ноќта, петелот запеа трипати и тој се сети, па горчливо заплака. Бидејќи веќе беше утро, од кај Ана, Христа го одведоа при првосвештеникот Кајафа, каде што го плукаа в лице и беа повикани лажни сведоци. Кога засветли денот, Кајафа Го испрати при Пилата. Тие што Го водеа не влегоа во судницата, за да не се осквернат и да можат да ја јадат пасхата.

Некои, како што вели божествениот Златоуст, тврдат дека фарисеите и првосвештениците го прекршиле законот префрлајќи ја пасхата за другиот ден, бидејќи требало да ја јадат токму таа ноќ, но дека тие ја поместиле за наредниот ден, за да можеле да Го убијат Христа. Но, ако тие требало да ја јадат пасхата тогаш, Христос покажал, јадејќи ја претходната вечер, дека не упатил во совршената тајна. Или пак, како што беше речено, требаше да стане реалност она што во Законот беше само слика. Всушност, свети Јован вели: „Пред празникот Пасха”. Од овие причини и ние го празнуваме се она што се случи во тој четврток и во наредната ноќ и со стравопочит правиме спомен на сите оние страшни и неискажливи дела и настани.

По Твоето неискажливо милосрдие, Христе Боже наш, помилуј нè. Амин!

(Од Синаксарот на Светиот и Велик Четврток)

 

 

 Преминпортал (К.Т.)



dobrotoljubie

Поуки од Светите Отци

Видео содржини

dobrotoljubie

Беседи

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Жарко Ѓорѓиевски: Беседа,13. октомври 2024 година

Како што постојат места на земјата на кои успева само еден вид растение и нема такви други места на кои истото растение би растело, така и во Црквата Христова постои...

 Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Aрхим. Георги Капсанис: ВО ЗНАК НА НАШАТА ЉУБОВ

Незамисливо е да се биде христијанин без подвиг и крст. Оној што води лесен живот не може да се нарече христијанин. Некои луѓе отсекогаш верувале дека христијанин е оној кој...

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Отец Александар Шмеман: Воздвижение на Чесниот Крст

Тоа бил празникот на христијанското царство, кое се родило под закрилата на Крстот, во денот кога царот Константин го видел Крстот над кој пишувало:: „Со ова ќе победиш…” Тоа е...

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Митрополит Софрониј - ПРОПОВЕД ЗА РОЖДЕСТВО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Во Ветената земја - Палестина, дадена на израилскиот народ од Бога, во планините на Галилеја се наоѓа градот Назарет. Во тоа време тој бил толку непознат и малку важен, што...

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Свети Јован Крстител беше испратен од Бог да ги повика луѓето на покајание

Самиот тој, со својот начин на живот, е олицетворение на покајанието. И нормално, не би ни можел да биде повикан од Бог да проповеда покајание ако целата негова сила не...

БОГОРОДИЦА

БОГОРОДИЦА

„Испитувајќи што му е најпотребно на молитвеникот за да беседи со Бог, по кој пат доаѓа молитвата, Богородица го пронаоѓа свештеното тихување..., оддалеченост од светот, заборав на сè земно и...

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

Св. Јован Кронштатски - Слово на денот на Успение на Пресвета Богородица

И колку славно било Нејзиното успение! Со каква светлина сјаело Нејзиното пречисто лице. Колку прекрасно, неописливо, неспоресливо благоухание извирало од нејзиното пречисто, приснодевствено тело, како што пишува св. Дионисиј Ареопагит,...

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Свети Лука (Војно - Јасеницки): СЛОВО ЗА УСПЕНИЕТО НА ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА

Многу е важно правилно да разбереме и да ги запомниме зборовите на тропарот на великиот празник на Успението на Пресвета Богородица: „... По Успението не си го оставила светот, Богородице...’’.Нејзината...

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

Архива: Беседа на Преображението на Господ и Бог и Спасителот наш, Исус Христос – Свети Григориј Палама

А и зошто Господ, пред почетокот на Преображението ги избира најглавните од апостолскиот лик и ги возведува со Себе на гората? Секако, за да им покаже нешто големо и таинствено....

« »

Православен календар

 

23/11/2024 - сабота

Светите апостоли Ераст, Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј; Светиот маченик Орест; Свети Нон, епископ Илиополски;

Правила и одредби на Православната Црква за постот
Православен календар за овој месец - МПЦ

Кожувчанка

Молитви кон Пресвета Богородица за секој ден во седмицата

 Радувај се, Ти Која од ангелот ја прими радоста на добрата вест дека Бог Слово ќе прими тело од Тебе! Радувај се оти го носеше Создателот во Твојата утроба! Радувај се Ти Која го роди Бога во тело, Спасителот на светот! Повеќе...

Тропар

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

Тропар на светите Кварт, Родион, Сосипатар и Терциј 10 ноември / 23 ноември 2024

О, свети апостоли Христос Спасителотво вас се зацари, душата во убавина се облече и венци за вас Животот исплете.За Олимпа...

Тропар на  свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Тропар на свети Нектариј Егински 9 ноември / 22 ноември 2024

Изданок од Визант и Егина,заштитниче кој си јавен во последните времиња,миленик на вистинската врлина.Нектарие, те почитуваме,ние верните како богоугоден исцелител...

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Тропар на соборот на светиот Архангел Михаил 8 ноември / 21 ноември 2024

Архистратизи на небесните воинства,ние недостојните постојано ве молиме:со вашите молитви заштитете нѐ,под покровот на крилјата на вашата славаневешествена, пазејќи нѐ...

Духовната убавина на Богородица се пројавува и во моментот на Распнувањето на Нејзиниот Син

Тебе, Богородице поборнице – војвотко, ние слугите Твои, откако се избавивме од зло, Ти пееме победни и благодарствени песни. Ти имаш сила непобедна, од секакви опасности ослободи не за да Ти пееме : Радуј се, Невесто Неневесна! Повеќе...

Болестите според светоотечкото учење

Значи, не се надевај на лекарска вештина без благодат и не ја отфрлај своеволно, туку моли Го Бога да ја спознаеш причината за казната, а потоа моли за избавување од немоќта, трпејќи сечење, горење, горчливи лекови и сите лекарски казни Повеќе...

Свети Лука Симтерополски: Архиепископ и хирург

Едноставно е да се претпостави дека професорот – епископ, соединувајќи го во своите раце крстот и скалпелот, ги порази современиците токму со тоа необично соединување на двете разновидни сфери на активност.  Повеќе...

Духовни поуки: „Помоли се за мене“

Со Бога зборувај многу, а со луѓето малку; ако во Божјиот закон се подучуваш - ќе успееш и во едното и во другото. Повеќе...

Живот без стрес

Ако разбереме што се крие зад стресот, ако ја видиме лагата, која што се крие зад него, на крајот ќе увидиме дека не постои причина за да бидеме во стрес.. Повеќе...

Митрополит Струмички Наум - Да пораснеме барем до Стариот Завет

И не само што немаат туку се и очигледна пречка за влез во Царството Небесно, и пречка да се сфати и пренесе неговата идеја и порака. Повеќе...

Епископ Тихон Шевкунов: „НЕСВЕТИ, А СВЕТИ“

Несвети, а свети. Луѓе, кои навидум живееле во нашето секојдневие, се соочувале со проблемите со кои ние се судираме, боледувале од болести од кои ние боледуваме, често осудувани од околината, а сепак, не биле секојдневни. Луѓе, кои не се на иконите, но го предавале животот од иконите во сите нивни дела, зборови, мисли. Луѓе, за кои тишината прозборила дека се свети.  Повеќе...

ГОЛЕМАТА ТАЈНА НА ДИВЕЕВО - Кој ќе доживее, ќе види

Како дополнување на оваа тајна, еве што слушнав од устата на 84-годишната игуманија на манастирот Дивеево, Марија. Бев кај неа во почетокот на 1903 година веднаш по канонизирањето на преподобниот Серафим и заминувањето на царското семејство од Дивеево. Повеќе...

Арх. Калиник Мавролеон: Монологот БОЖЈИ

 

Те гледав кога се разбуди угрово. Чекав да ми кажеш два-три збора, да се заблагодариш за се што ти се случува, да побараш мое мислење за се што треба да правиш денес. Повеќе...

За Моето име

Поуки на грузискиот Старец Гаврил Ургебадзе за последните времиња

 

„Ѓаволот има 666 мрежи. Во времето на антихристот луѓето ќе очекуваат спасение од космосот. Тоа ќе биде и најголемата замка на ѓаволот: човештвот ќе бара помош од вонземјаните, не знаејќи дека тоа се, всушност. – демони.“ Повеќе...

Взбранной Воеводе победительная