Анастасија која седи - Архимандрит Рафаил Карелин
Младоста е полна со грешки и гревови, полети и падови, но душата се уште не обраснала со груба и тврда кора, и после гревовите настапува искрено покајание, како крвави солзи кога ја мијат нечистотијата на гревот. Зрелата возраст е слична на лето. Тоа е време за работа на земјоделецот. Човек станува потрезвен и попретпазлив, но едни страсти се менуваат со други, пламеноста на младоста – со пресметливост, со грижи не толку за вечноста колку за утрешниот ден, како небото да станува подалеку, а земјата се повеќе се појавува од маглата.